Што сè треба да знаете за кламидијата?

Полово преносливите инфекции и понатаму се табу тема, до степен што дури и на пациентот не му е пријатно за проблемот да разговара со својот доктор.

shto-se-treba-da-znaete-za-klamidijata-spored-doktorite-01.jpg

Сепак, тоа не смее да биде случај доколку се сомневате дека на некој начин сте заразени со полово пренослива инфекција. Статистички, кламидијата е најчестата полова болест, со милиони нови регистрирани случаи на годишно ниво.

Тоа е голема бројка, но не треба да ве плаши. Најважно е да знаете како да се заштитите.

Најзастрашувачкиот момент со кламидијата, како и со другите полово преносливи зарази, е што во прв момент не покажуваат јасни симптоми. Но, во оној момент кога симптомите стануваат видливи, тоа значи дека веќе инфекцијата прераснала во болест.

shto-se-treba-da-znaete-za-klamidijata-spored-doktorite-02.jpg

Наједноставно е, кога сте сексуално активни, да не ги пропуштате редовните прегледи кај својот матичен лекар, особено жените кај гинеколозите. Исто така, ако имате редовна сексуална активност, најпаметно е барем еднаш годишно да правите тестови за кламидија и за други преносливи болести.

Како симптоми на кламидија кај жените се јавуваат болки при уринирање и секс, како и болки во стомакот, нерегуларни крварења и исцедок со непријатни бои и мириси. Кај мажите, најчест симптом е „тешки“ тестиси, иритации на кожата и исцедок од пенисот.

Иако е непријатна, добра вест за кламидијата е што е бактериска инфекција која ефикасно се лечи со помош на антибиотици. Но, се разбира, безбедниот секс треба да ви биде приоритет, бидејќи е полесно да се спречи непријатната зараза, отколку да ја „закачите“. Секогаш користете заштита.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg