Како недостатокот на сон ве прави дебели?

Во разговор со другите сите сме поборници за зелени сокови, вежбање, здрава храна и редовен сон. Но, она што го правиме дома е тотално спротивното - само уште една коцка чоколадо, само уште една епизода од серијата и додека трепнете часот е 2 по полноќ, а ве чекаат работни обврски рано наутро.

kako-nedostatokot-na-son-ve-pravi-debeli-001.jpg

Спиењето не е луксуз. Тоа е подеднакво важно како храната што ја јадеме и кислородот што го дишеме. За да живееме добро, мора добро да спиеме. Секако, тоа звучи очигледно, но во време кога стресот е неизбежен, сонот го третираме како нешто пропратно.

Недостатокот на сон може негативно да влијае на вашиот апетит и да ги доведе вашите хормони во хаос, често предизвикувајќи зголемување на телесната тежина, дури и ако не се прејадете.

Но, каква е поврзаноста на сонот со зголемениот апетит?

Сте се запрашале ли некогаш зошто кога ќе се разбудите ненаспани првото нешто по кое посегнувате е нешто благо или ќесичка чипс? Постои логично, научно објаснување за овој феномен, во чија основа лежат нашите хормони.

Нашата глад е контролирана од два специфични хормони: грелин, кој го стимулира апетитот, и лептин, кој го регулира енергетскиот баланс преку контролирање на глад.

Кога спиеме помалку од 8 часа, грелинот се зголемува, предизвикувајќи да посакувате повеќе храна - најчесто јаглени хидрати.

Во меѓувреме, нивото на лептин се намалува, што го предупредува вашиот мозок дека немате доволно енергија за вашите потреби, предизвикувајќи го вашиот мозок да ве излаже дека сте гладни.

Kako nedostatokot na son ve pravi debeli 01

Недостатокот на сон, исто така, предизвикува нивото на кортизол, стрес хормонот поврзан и со зголемување на мастите, да се зголеми.

Кога ќе се здружат со грелинот, тие се претвораат во мали, злобни гласови во вашата глава и ви кажуваат дека сте гладни, дури и ако сте јаделе.

Нивоата на серотонин се намалуваат кога сте уморни, па оттука се чувствувате слаби и млитави и се создава потребата да каснете нешто за брзо да го надоместите недостатокот на енергија.

На овој начин се создаваат „совршени“ услови за зголемување на телесната тежина - покрај потребата да јадете повеќе, тешко ќе се заситите, а згора на сè заморот може да го зголеми нивото на инсулин, што го поттикнува телото да складира енергија како маст, особено околу вашата половина.

Спиењето и доведувањето на вашето тело во правилен биоритам е од витално значење. Редовниот и квалитетен сон подразбира легнување и станување во приближно исто време секој ден како би можеле да ги контролирате сите аспекти на вашите телесни функции почнувајќи од вашиот апетит, расположението, имунитетот па и сексуалниот живот.

kako-nedostatokot-na-son-ve-pravi-debeli-03.jpg

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg