Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имам 25 години и веќе 7 години сум во депресија - што научив?“

Некои утра тешко дишам кога одам накај работа и некогаш се будам со тажната помисла: „Проклетство сè уште сум тука.“

imam-25-godini-i-vekje-7-godini-sum-vo-depresija-shto-nauchiv-01.jpg

Наполнив 25 години минатиот месец  и сè уште сум депресивна и анксиозна, како и кога имав 18 години.

Учам да го прифаќам тоа како константен дел од мојот живот, но сепак постојат денови кога се чувствувам бесно, бескорисно, скршено и дури и разочарано од себе.

Како некако да е моја вина и не успевам да се излечам веќе 7 години, откако првпат ми се појавија симптомите.

Одлучив јавно да споделам некои работи кои ги научив од живеењето со депресија и анксиозност за да си докажам себеси дека сум подобра од што бев претходно.

Лекција 1: Зборувај отворено

Некои утра тешко дишам кога одам накај работа и некогаш се будам со тажната помисла: „Проклетство сè уште сум тука.“

Но, добро е што сум отворена за дијагнозата, знам дека ми е потребна терапија и користам лекарства. Пред 2 години аксиозноста направи да мислам дека е крај на светот ако луѓето ја дознаат мојата дијагноза, а сега зборувам отворено и на сите им порачувам да го сторат тоа.

Нема зошто да се срамите од менталната болест.

Лекција 2: Добра vs. лоша терапија

Имав 5 различни доктори и да ви кажам животот е прекраток за да му ги давате некому вашите тешко заработени пари, а тој не е најдобар во тоа што го прави.

Мојот сегашен психијатар знае дека понекогаш викам, знае да ме ислуша, освести и најважно има разбирање кога ќе му откажам во последен миг со глупаво оправдување, а тој прифаќа и е свесен дека едноставно не ми бил добар денот.

Лекција 3: Комуникацијата е клучот

Во првите 5 години од болеста криев сè од сите и се чувствував изолирано. Неспособноста да станам од кревет ја правдав со мојата мрзеливост.

Моите и кога дознаа дека имам депресија не ме разбираа, сè додека не ги однесов со мене на терапија. Бев многу нервозна и преплашена, но потоа тие научија многу и знаеја како да ми помогнат.

Сега, сум многу поотворена со нив и знам дека сум сакана и не сум сама.

Уште 3 лекции на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
Необични однесувања кои некогаш се знак за скриена депресија Не чувствувате ништо – рамнодушни сте кон работи кои претходно ве правеле среќи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg