Како невработеноста влијае врз нашето здравје?

Невработеноста не е ограничена само на финансиите, оваа состојба, исто така, влијае на менталното и физичкото здравје на луѓето.

Kako nevrabotenosta vlijae vrz naseto zdravje 01

Недостатокот на самодоверба, ниска самодоверба и депресија се меѓу најважните психолошки последици на невработеноста.

Губење на работа или долг период на невработеност кај некои луѓе може да доведе до развој на суицидални тенденции. Невработеноста води кон чувство на инфериорност, а емоционалните проблеми се влошуваат уште повеќе кога некој поминува низ предрасуди поврзани со возраста, расната дискриминација или полот.

Невработеноста може да доведе до недостаток на финансиски средства, што пак може да предизвика семејни проблеми.

Како може невработеноста да влијае врз нашето здравје?

Нарушувања во исхраната

Поради ограничените трошоци невработените луѓе можеби нема да можат да си дозволат квалитетна храна. Нездравата исхрана може да влијае врз здравјето на поединецот.

Невработеноста резултира и со емоционална празнина, која некои луѓе се обидуваат да ја надополнат со прејадување.

Емоционалната нестабилност, исто така, може да предизвика изгладнување, што резултира со хранливи недостатоци, ментален замор и слабост. Нарушување во исхраната може да доведе до прекумерна дебелина или абнормално губење на тежината.

Срцеви проблеми поради недостаток на активност

Невработеноста може да го остави поединецот без обврски. Недостатокот на активноста може да доведе до летаргија и сериозни проблеми, како што е дебелината.

Целосен недостаток на физичка активност може да предизвика хормонски проблеми и срцеви заболувања. Дебелината го зголемува ризикот од висок крвен притисок и дијабетес.

Kako nevrabotenosta vlijae vrz naseto zdravje 02

Проблеми со интимност

Стресот, предизвикан од невработеноста, и летаргијата, предизвикана од недостаток на физичка активност, можат да доведат до сексуални проблеми. Поединецот може да има проблеми со физичката интимност или да го изгуби интересот за сексуалниот однос.

Главоболка, болка во градите и тахикардија

Главоболката е често последица на стресот. Анксиозноста може да доведе до срцеви палпитации и болки во градите, а може да предизвика и проблеми со дишењето.

Инсомнија

Постојаната грижа поврзана со барање работа и месечните трошоци може да доведе до немирен сон.

Kako nevrabotenosta vlijae vrz naseto zdravje 03

Злоупотреба на алкохол

Со цел да се надминат фрустрациите поради невработеноста, луѓето имаат тенденција да консумираат дрога и алкохол. Ова им остава лажен впечаток дека ќе ја ублажат болката.

Депресија

Невработеноста предизвикува чувство на безнадежност и вина кај поединецот. Гледање на другите луѓе како процветуваат во своите кариери може да доведе до љубомора и да придонесе за чувството на инфериорност. Ова создава чувство на социјална исклученост.

Осаменост

Невработеноста предизвикува повлекување од општеството и социјалниот круг. На поединецот му недостасува ентузијазам, а понекогаш и пари, за да се дружи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg