3 чекори до здрава и лесна бременост

Одлуката да имате бебе е неверојатно возбудлив момент во животот. Но, дестинацијата „бебе“ неретко подразбира долг и тежок пат, па затоа гледајте на овие совети како на задачи кои треба да ги исполните пред да имате бебе.

3 cekori do zdrava i lesna bremenost 01

И во случај да не планирате да забремените наскоро, продолжете да читате, со оглед на тоа што според истражувањата 45% од бременостите се непланирани.

Проверете ја вашата здравствена состојба

Општиот преглед на здравјето е одличен старт при обидот да забремените. Вашиот матичен гинеколог ќе ја провери вашата крвна слика, нивото на железо, евентуални инфекции или сексуално преносливи болести.

Во прилог на оние стандардни проверки, постојат некои нови фактори кои треба да се разгледаат:

- Индекс на телесна маса (BMI)

И високите и ниските индекси се поврзани со негативни појави при обидот за забременување, породувањето и здравјето на новороденчињата. Пониските ризици се поврзани со нормален БМИ: помеѓу 18,5 и 24,9.

- Витамин Д

Соодветните нивоа на витамин Д може да играат улога во подобрувањето на шансите за забременување. Ако планирате да забремените, знајте дека доволно витамин Д може да помогне во заштитата од спонтан абортус, гестациски дијабетес и потреба од царски рез.

Едноставен тест на крвта може да покаже дали вашите нивоа се соодветни.

- Липиди во крвта

Липидите во крвта се користат за да се процени ризикот од срцеви заболувања, но тие може да ни покажат и нешто во врска со исходот од бременоста.

Имајќи нивоа на HDL (добар) холестерол помала или еднаква на 50 mg / dL и нивоа на триглицериди поголеми или еднакви на 150 mg / dL е поврзано со зголемен ризик од прееклампсија (потенцијално сериозна компликација во бременоста која се карактеризира со висок крвен притисок).

- Исхрана

Она што го јадете е од суштинско значење за вашето здравје и за здрава бременост. Истражувањата покажуваат дека честата конзумација на зеленчук помага за намалување на ризикот од спонтан абортус, заедно со доволен внес на фолна киселина и минимален внес на алкохол при забременувањето.

Суплементи пред бременоста

Пред зачнувањето,  јајце-клетките и сперматозоидите зреат. Овој процес трае околу 100 дена, па затоа е најдобро да се земат додатоци во исхраната најмалку три месеци пред да почнете да се обидувате да забремените.

Проверете со вашиот лекар кои додатоци најдобро одговараат на вашите индивидуални потреби. Она што ви е потребно се сведува на железо, калциум, фолна киселина (биоактивната форма се нарекува метилфолфат) и калиум јодид.

Омега-3 може да помогне во намалување на ризикот од предвремено породување и зголемување на телесната тежина, висината и обемот на главата. Достапни се додатоци од алги, а одредени растителни масла (како ленено семе), исто така, може да го зголемат внесот на омега-3.

3 cekori do zdrava i lesna bremenost 02

Потпомогнете го процесот

Откако ќе бидете подготвени да почнете да се обидувате да забремените, од голема помош ќе ви биде да разберете колку е важен тајмингот.

По овулацијата, јајце клетката живее околу 24 часа. Ако го комбинирате животниот век на јајце клетката со животниот век на спермата (пет дена), добивате плодна рамка од околу шест дена. Ваше е дали ќе одберете точно да ги дефинирате плодните денови преки едноставни тестови достапни во секоја аптека, или ќе оставите на случајноста.

Под претпоставка дека нема причина да се сомневате во потенцијална плодност, ако имате секс секои два дена, дефинитивно ќе ја подобрите вашата веројатност за зачнување.

3 cekori do zdrava i lesna bremenost 03

Планирана или не, бременоста е состојба на која може да влијаете во голема мера за да има позитивен исход како по вашето здравје, така и по здравјето на вашето бебе.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg