Слабејте додека спиете со помош на неколку едноставни совети

Иако звучи премногу добро за да биде вистинито, сепак е можно да го забрзате процесот на слабеење додека спиете. Се разбира, тоа треба да биде во комбинација здрава исхрана и физичка активност, но сепак е возможно.

 slabejte-dodeka-spiete-so-pomosh-na-ovie-ednostavni-soveti-01.jpg

Веројатно се прашувате каква врска има сонот со диетата. Луѓето кои спијат доволно и квалитетно имаат ниска вредност на грелин во организмот. Грелинот е хормон кој го предизвикува чувството на глад.

Исто така, овие луѓе имаат и пониско ниво на лептин, односно хормонот кој го регулира нивото на енергија и го намалува апетитот.

Доколку сакате да слабеете додека спиете, обидете се да се придржувате до следниве совети:

Спалната соба нека биде темна и студена

Знаевте ли дека и најмалиот извор на светлина може да го наруши вашиот сон? Исто важна е и собната температура – доколку навечер ви е малку студено, ќе согорувате повеќе калории. Луѓето кои спијат во топла соба дури се изложени на ризик да го зголемат количеството на масти во телото.

Покрај тоа, многу полесно и подобро ќе спиете доколку спалната соба е темна и студена.

Дигитален детокс во спалната соба

Обидете се да не ги користите електронските уреди навечер. Бројни истражувања покажале дека ова ќе го подобри квалитетот на вашиот сон.

Исхрана

Погрешната храна може да го влоши спиењето. Поради ова, навечер избегнувајте да консумирате слатка и мрсна храна. Истовремено немојте да консумирате никакви грицки доцна навечер коишто телото ќе треба да ги преработи.

Поради ова, се препорачува после 18:30 да не јадете воопшто. На овој начин телото ќе се погрижи за ослободување од мастите во текот на ноќта.

slabejte-dodeka-spiete-so-pomosh-na-nekolku-ednostavni-soveti-02.jpg

Ритуали за релаксирање

Без разлика дали сакате шолја чај, туширање со топла вода или јога, овие ритуали за опуштање ќе ви помогнат да спиете подобро.

Важен е и квалитетот на креветот

Перницата и душекот треба да бидат прилагодени на вашите потреби, а особено на вашето тело. На пример, на потешките луѓе им е потребен потврд душек, а доколку имате неквалитетен прекривач, можно е да се испотите навечер.

Перницата не треба да биде ниту премногу рамна, ниту премногу висока. Следниот пат кога ќе ги купувате овие нешта, одбирајте внимателно.

Одете на лекар

Дури и ако ги следите сите совети, тоа не значи дека ќе ви гарантираат добар сон. Доколу имате сериозни проблеми со спиењето, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg