Вашиот дом - причина број 1 за лошата состојба на вашиот стомак

Како и за многу други работи во животот, па така и кога се работи за вашето здравје, проблемите доаѓаат од внатрешноста на вашиот дом. Многу нешта кои ви се наоѓаат по дома ви штетат по здравјето, а особено влијаат на состојбата во вашиот стомак.

vashiot-dom-prichina-broj-1-za-loshata-sostojba-na-vashiot-stomak-01.jpg

Бидејќи бактериите ги колонизираат сите површини со кои имате допир, важно е да се создаде здрава животна средина. И тоа не подразбира којзнае какво преуредување - неколку ситни промени на вашите навики како и редовно земање пробиотик може да ви помогнат во голема мера.

Неколку совети како да го направите домот поздрава околина:

Користете нетоксични средства за чистење

Чистењето на домот го подобрува вашиот имунолошки систем, но од друга страна, производите што ги користите би можеле да придонесат за вашите чести посети на тоалетот.

Покрај цревната флора, производите за чистење со тешки хемикалии во својот состав може да го нарушат и хормоналниот баланс.

Вашиот стомак работи како диригент на здрави хормонски реакции, па кога има дисфункција во цревата, комуникацијата помеѓу хормоните е нарушена. И кога вашите хормони се нарушени, тоа би можело да доведе до алергии, артритис, дигестивни проблеми, несоница и проблеми со кожата.

Vasiot dom pricina broj 1 za losata sostojba na vasiot stomak 02

Не претерувајте со чистење

Пред да се занесете со новите нетоксични средства за чистење, можеби треба да подзастанете. Стерилна или пречистена средина може да има негативно влијание врз вашето здравје - бактериите имаат голема улога во екосистемот во вашиот дом.

Ако живеете во околина која е многу одвоена од природата, за вас е предизвик да имате силен внатрешен одбранбен систем.

Vasiot dom pricina broj 1 za losata sostojba na vasiot stomak 03

Внимавајте на мувлата

Мувлата навистина добро се крие и може да остане незабележана подолго време. Токму на тој начин, на дневна основа, вашата цревна и мукозна облога (што всушност го штитат вашиот имунолошки систем) може да наидат на проблеми.

Ако сте изложени на мувла или не сте го ослободиле вашиот дом од средства што содржат безброј хемикалии, препорачливо е да земете пробиотик. Тој помага во изградбата на вашиот внатрешен одбранбен систем против токсичните предизвикувачи во вашата домашна средина.

Додајте растенија за да помогнете во чистење на воздухот, етерични масла или во краен случај набавете прочистувач на воздух.

Vasiot dom pricina broj 1 za losata sostojba na vasiot stomak 04

А. Ш. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg