Чудни работи на кои може да укажува лошиот здив и вкус во устата

Не мора да значи, но лошиот здив од устата може да укажува на нешто штетно и сериозно.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-01.jpg

Доколку се случува често здивот да има непријатен мирис, не треба да го игнорирате тоа.

Не е доволно да ја измиете устата и да го занемарите. Независно дали е горчлив, кисел или имате вкус на метал, причините за оваа појава се многубројни.

Не треба да паничите, но доколку се случува често треба да ги имате предвид овие причини:

Може да имате габична инфекција

Влијае на устата и покрај непријатниот мирис на здивот, создава бели точки на јазикот и грлото, а се појавува кога ќе ослабе имунитетот.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-02.jpg

Можно е да сте бремени

Покрај гадењето и заморот, многу бремени жени се жалат и на вкус на метал во устата. Ова се случува заради хормонални промени,  бидејќи хормоните може да влијаат на сетилата за вкус и мирис.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-03.jpg

Заради настинка или грип

Ако имате горчлив вкус на јазикот, а истовремено не се чувствувате добро, настинати сте или имате бактерија на носот или грлото, не грижете се, тоа е сосема нормално.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-04.jpg

Може да имате дијабетес

Ако вашето тело има тешкотии при регулирањето на шеќерот во крвта, можно е да искусите благ вкус во устата. Истражувањата покажуваат дека ако патите од дијабетес, можно е да имате таков вкус.

Друга причина е што дијабетесот може да го намали нивото на цинк, што исто така предизвикува горчливо-сладок вкус во устата.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-05.jpg

Превисоко ниво на стрес

Анксиозноста може да создаде состојба позната како сува уста, предизвикан од ниско ниво на плунка, која игра голема улога почнувајќи од варење до борба против лоши бактерии во устата.

Па, ако ја немате во доволни количини, може да искусите лош вкус.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-06.jpg

Заради лековите кои ги земате

Ако земате одреден тип на лекови, можно е да имате горчлив, солен или вкус на метал во устата.

Според истражувањата тоа е последица на многу лекови како антибиотици или против воспаленија и алергии. Дури и некои мултивитамини може да го имаат тој ефект, но прекинува по прекинувањето на терапијата.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-07.jpg

Лоша орална хигиена

Очигледен знак на недоволно добро одржување на орална хигиена е лошиот здив и вкус во устата.

Доколку не ги миете и четкате забите секојдневно и соодветно, бактериите кои се насобираат предизвикуваат непријатен мирис и вкус.

chudni-raboti-na-koi-mozhe-da-ukazhuva-loshiot-zdiv-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg