10 знаци дека полека ја надминувате депресијата

10-znaci-deka-poleka-ja-nadminuvate-depresijata02.jpg

Избегнувате да бидете сами

Осаменоста може да биде опасна за вас, особено ако надминувате депресивна епизода. Се обидувате да бидете опкружени со луѓе секогаш кога можете. Тие ви го одвлекуваат вниманието и се како ваша безбедносна мрежа.

Вашите пријатели се од голема помош додека се обидувате да си ја подобрите состојбата.

Постојано слушате музика

Еден од најдобрите начини да ги регулирате и контролирате емоциите е со музика. Можете да користите музика за медитација, за енергија, за работа...

Додека другите мислат дека само сте со добро расположение, вие всушност се обидувате да си помогнете.

Си купувате нешто ново, дури и ако не ви треба

Терапијата со купување е реална и сигурно сакате да ја искористите. Дури и само гледањето на излози прави да се чувствувате добро, а новата облека ќе ве натера и повторно да се засакате.

Сакате да му се вратите на некое хоби

Веројатно знаете дека најдобриот начин да останете позитивни е да живеете во сегашноста и надвор од вашите мисли. Ова значи да бидете зафатени. Новото хоби, почнувањето нова рутина, па дури и обновувањето на некои вештини се знак дека ви станува подобро.

Сакате да чистите

Се гордеете на вашата организација, но кога сте во депресија, ова изгледа невозможно. Немате енергија за ништо, па дури и миењето садови ви претставува вистински предизвик.

Но штом ќе почнете да се чувствувате подобро, ќе сакате да го средите домот. Ќе сакате да се ослободите од нередот што се натрупал и да го исчистите вашиот живот.


Депресијата може да се појави кај секого. Иако постојат некои симптоми што им се заеднички на сите, секој различно ја искусува депресијата. Ова значи и дека знаците на подобрување можат да се разликуваат.

Овие 10 се многу мали знаци кои можеби ви изгледаат нормално, но всушност покажуваат дека конечно се чувствувате подобро.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg