Знаци кои покажуваат дека на вашиот организам му недостасува витамин Д

Истражување од Харвард покажало дека милијарди луѓе ширум светот се соочени со недостаток од витамин Д. Избегнувањето на сончевата светлина, како и одредени прехранбени продукти и додатоци, може и вас да ве стави во оваа група.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-na-vashiot-organizam-mu-nedostasuva-vitamin-d-01.jpg

Витаминот Д има важна улога во одржувањето на концентрацијата на калциум во телото. Исто така ги зајакнува коските, забите и мускулите. Кога во организмот има недостаток од овој витамин, најчесто се појавуваат следниве 5 симптоми.

Често кршење на коските

Телото престанува да ја гради коскената маса во 30-тите години од животот. Недостатокот до витамин Д може да го забрза процесот и да ги влоши симптомите на остеопороза, која најчесто се јавува во третата животна доба. Луѓето со недостаток од витамин Д се посклони на скршеници на коските.

Болки во коските

Суптилната, но и постојана болка во коските и зглобовите може да биде последица од медицински нарушувања како артритис. Но, за ова неудобно чувство понекогаш е виновно ниското ниво на витамин Д во организмот.

Лошо расположение

Клиничката депресија во голем број случаи е директно поврзана со недостаток од витамин Д, иако нема цврсти докази за ова. Сепак, експертите веруваат дека недостатокот од овој витамин влијае врз лачењето на серотонин во организмот, хормонот кој го одредува вашето расположение.

Претерано потење

За претераното потење можат да бидат одговорни многу фактори, а еден од нив е недостатокот од витамин Д. Доколку лицето постојано ви се поти, дури и кога мирувате и кога се наоѓате во студена просторија, можеби треба да почнете да внесувате повеќе витамин Д.

Слабост и замор

Доколку се чувствувате заморно дури и после добро спиење, можно е во вашиот организам да недостасува витамин Д. За силата на телото не е задолжено само железото, туку и овој витамин којшто ја зголемува контролата на мускулите. Добрите вести се што можете да ја вратите вашата сила за само половина година, консумирајќи додатоци во исхраната со витамин Д.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg