Како да знаете дали ви недостасуваат протеини во телото?

Протеините се како „суперхерои“, ни помагаат да ги изградиме мускулите и да ги задржиме, без нив, нашето тело не може да врши многу телесни функции, вклучувајќи го и одржувањето на хормоналната и ензимската рамнотежа. И, се разбира, неопходни се ако сакате да изгубите тежина, но и да ја задржите идеалната тежина. Ако се прашувате како, ова е објаснување.

Kako da znaete dali vi nedostasuvaat proteini vo teloto 01

Протеините го зголемуваат нивото на пептидот, кој на вашиот мозок му испраќа порака дека е сит. Но пред да почнете да се „полните“ со протеини, важно е да знаете уште една работа. Треба да внесувате различни видови храна богата со протеини.

Бело месо е одличен извор на протеини, како и црвено месо и риба. Затоа е важно во својата исхрана да вклучите разновидна храна. Покрај тоа, имајте на ум дека протеински шејкови никогаш нема да бидат доволна замена за вистинската храна.

Како да знаете дали ви недостасуваат протеини во телото?

Јадете многу слатка или солена храна

Протеините го забавуваат ослободувањето на шеќерот во крвта, со што го одржуваат нивото на шеќерот во крвта. Ако не внесувате доволно протеини, а внесувате многу јаглени хидрати, шеќерот брзо ќе влезе во крвотокот.

Кога инсулинот ќе го отстрани овој шеќер, нивото на шеќерот во крвта одеднаш ќе се намали и ќе имате голема желба за нешто многу слатко или солено.

Слаби мускули

Кога немате доволно протеини, телото нема друг избор освен да ги разградува мускулите за да ги задоволи своите потреби.

Овој ефект ќе биде особено изразен ако не внесувате доволно протеини, а вежбате често. Телото во овој случај ќе ги троши мускулите за да добие енергија.

Ова ќе резултира со ослабени мускули, намалена мускулна маса и слаби зглобови. Покрај тоа, кога не внесувате доволно протеини, на вашето тело му е потребно подолго време да закрепне од повреди.

Kako da znaete dali vi nedostasuvaat proteini vo teloto 02

Паѓање на коса

Ако вашата коса и вашите нокти не се толку светли и силни како што беа, причината може да биде недостатокот на протеини.

Губење на косата, слаби нокти и брчки на кожата се почетни знаци на дефицит на протеини, бидејќи телото не може ефикасно да ги регенерира клетките за да ги замени мртвите клетки.

Лош имунитет

Чести болести се индикатор за слаб имунолошки систем, а ова може да биде последица на недостаток на протеини. Без доволно протеини имунолошките клетки не можат да се регенерираат доволно брзо за да се борат со бактерии и вируси.

Kako da znaete dali vi nedostasuvaat proteini vo teloto 03

Проблеми со спиењето

Ако имате проблеми со спиењето, „обвинете“ ја вечерата. Кога не внесувате доволно протеини се случува дисбаланс, а резултат на ова се проблеми со спиењето.

Триптофан е есенцијална амино киселина која ни помага да заспиеме, затоа е добро пред спиење да внесуваме доволно протеини. Триптофанот обично се наоѓа во сирење, јајца, грав, леќа…

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg