Една навика која е поштетна дури и од 8-часовното седење во канцеларија

Веќе знаеме дека седењето е новото пушење, но знаевте ли дека постои уште една навика што е исто толку, а можеби и поштетна?

istrazhuvanje-gledanjeto-televizija-poshtetno-duri-i-od-celodnevnoto-sedenje-01.jpg

Имено, според едно ново истражување, гледањето телевизија е дури полошо од целодневното седење на стол, особено доколку станува збор за маратонско гледање серии и филмови.

Во истражувањето учествувале 3.562 возрасни личности кои ги споделиле нивните навики за гледање телевизија, седење и вежбање. Потоа испитаниците биле следени во текот на осум години. Притоа било следено нивното здравје и бил истражуван односот помеѓу навиките и здравјето на испитаниците.

istrazhuvanje-gledanjeto-televizija-poshtetno-duri-i-od-celodnevnoto-sedenje-02.jpg

Оние кои гледале телевизија подолго од 4 часа дневно, имале 50% поголем ризик од срцеви заболувања и прерана смрт, за разлика од оние кои гледале телевизија помалку од два часа на ден. Според ова, гледањето телевизија е поштетно од целодневното седење.

„Гледањето телевизија се случува на крајот од денот, кога повеќето луѓе имаат време за обилен оброк. Јадењето и седењето пред телевизор навечер може да биде навистина штетно“ , изјавила доктор Жанет Гарсија, главниот истражувач.

istrazhuvanje-gledanjeto-televizija-poshtetno-duri-i-od-celodnevnoto-sedenje-03.jpg

Проблем биле и грицките што луѓето неретко ги консумираат при гледање телевизија. Луѓето кои работат во канцеларија, сепак не мируваат осум часа без прекин. Тие одат на ручек, се движат низ канцеларијата, одат во тоалет...

Добрите вести се тоа што истражувачите не откриле поврзаност помеѓу зголемениот ризик од срцеви заболувања и гледањето телевизија кај луѓето кои вежбале најмалку 150 минути неделно. Ова значи дека слободно можете да уживате во маратонското гледање, но сè додека вежбате 30 минути дневно, 5 пати во неделата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg