Едноставни, но ефикасни совети што ќе ви помогнат да ги надминете најтешките и најкризните моменти во животот

Грижата за себе, но и прифаќањето на фактот дека промените (и добри и лоши) се неизбежен дел од животот, ќе ви помогне полесно да се справите со кризните моменти и да се вратите на нозе. Кои други совети можат да ви бидат од огромна корист во овие мигови?

rezilientnost-ili-sposobnosta-za-nadminuvanje-kriza-01.jpg

Во науката и технологијата, терминот отпорност се користи да ја означи способноста на некој материјал или објект да се врати во првобитната форма по нанесените промени од надворешни влијанија. Истото значење го има и во психолошка смисла.

Стресот е фактор кој неизбежно го менува нашиот живот. Секојдневно решаваме проблеми од различен вид, но како успеваме да се справиме со настани кои можат потполно да нè извадат од колосек?

Настани како загуба, болест, неуспех, насилство, економска или еколошка катастрофа. Зошто се чини дека некои луѓе брзо ги надминуваат овие трауми, додека на други им се потребни години?

Во психолошка смисла, под отпорност се подразбира психолошка издржливост, ментална сила, односно процесот на справување и адаптирање на критичните и трауматични настани во нашиот живот.

ednostavni-no-efikasni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-nadminete-najteshkite-i-najkriznite-momenti-vo-zhivotot-02.jpg

Овој квалитет го поседуваат сите луѓе, но на различен начин, и може да варира во зависност од културната припадност поради различното толкување на неволјите.

Ен Мастен е еден од водечките научници на оваа тема. Таа во својата книга Ordinary Magic: Resilience in Development зборува за способноста на децата и адолесцентите да се справат со тешките околности.

Ен заклучува дека отпорноста, односно менталната сила кај децата е поголема кога тие имаат изградени позитивни врски со одговорни возрасни лица, кога имаат социјална поддршка, чувство на припадност и се позитивно вреднувани за своите карактеристики и успеси.

Други фактори поврзани со оваа карактеристика се: оптимизам, позитивна слика за себе и своите способности, правење реалистични планови, висока емоционална интелигенција.

ednostavni-no-efikasni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-nadminete-najteshkite-i-najkriznite-momenti-vo-zhivotot-05.jpg

Добрата вест е дека секој од нас може да научи подобри стратегии за справување и надминување на кризните моменти.

Во продолжение неколку од нив:

1. Прифаќање дека промената е неизбежен дел од животот

Луѓето тежнеат кон стабилност и често забораваат дека секогаш постои можноста некој настан да го однесе текот на животот во непланирана насока.

Со свесноста дека промените се неизбежни, можеме полесно да се адаптираме на нештата кои не можеме да ги промениме и поефикасно да се насочиме кон околностите врз кои навистина можеме да имаме влијание.

2. Градење значајни врски

Луѓето се социјални суштества. Поддршката од семејството, пријателите и заедницата и учењето од туѓите искуства помага за побрзо надминување на кризните периоди.

Сличен благотворен ефект има приклучување кон групи за поддршка или личен раст и развој, волонтирањето и слично.

ednostavni-no-efikasni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-nadminete-najteshkite-i-najkriznite-momenti-vo-zhivotot-03.jpg

3. Учење од минатите искуства

Секој од нас се нашол во ситуација кога мислел дека нема да може да продолжи понатаму, а денес таа ситуација е далеку зад нас.

Идентификувањето на техниките кои ни помогнале да се справиме со некоја ситуација во минатото може да биде добра основа за справување со идни настани.

4. Менување на перспективата

Кризата може да биде повик за промена.

По искусувањето трагедии и неволји, можеме да добиеме нов увид кон животот, кон сопствената сила, преиспитување на приоритетите, нова перцепција за себе како борец, наместо жртва.

ednostavni-no-efikasni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-nadminete-najteshkite-i-najkriznite-momenti-vo-zhivotot-07.jpg

5. Грижа за себе

Добра основа за градење отпорност е познавање на сопствените потреби и идентификување на сопствените чувства.

Тоа подразбира одвојување време само за себе, негување на личните интереси и хобија, грижа за телото преку здрава исхрана, редовна физичка активност, сон или медитација.

6. Барање стручна помош

Кога се чини дека кризата ги надминува личните капацитети за справување, најдобро е да се побара помош од психолог или психотерапевт, со чија помош ќе се развијат нови техники на справување.

ednostavni-no-efikasni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-nadminete-najteshkite-i-najkriznite-momenti-vo-zhivotot-04.jpg

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Бразилска инфлуенсерка почина по липосукција - Која е најсмртоносната пластична операција во моменто... Бразилската инфлуенсерка Луана Андраде почина од операција за липосукција на кол...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg