Од кои болести може да страдате доколку вашите раце се постојано топли?

Доколку некој постојано ви кажува дека имате многу топли раце, веројатно ќе го занемарите ова или ќе го сфатите како комплимент. Сепак, треба да се информирате какви последици може да има оваа состојба врз вашето здравје.

Od-koi-bolesti-stradate-ako-racete-vi-se-topli-01.jpg

Кога често пати рацете ви се многу топли ова може да укажува на неколку сериозни здравствени проблеми. Еден од нив е високиот крвен притисок.

Топлите раце исто така може да укажуваат на целулитис, односно акутна кожна инфекција која лесно ќе ја препознаете доколку рацете ви се топли, дланките ви се потат и се проследени со црвенило.

Ова е исто така знак дека во телото постои хронично воспаление, а најчесто станува збор за ревматичен артритис кој се одликува со топлина, болки во рачните зглобови и прстите како и отежнато придвижување на дланките.

Топлите раце укажуваат и на ризик од синдром на карпален тунел што произлегува пак од притисок на нерв, предизвикан од артритис, цисти, повреди и проблеми со тироидната жлезда.

Оваа состојба се манифестира кога раката е отечена, топла и чувствувате слабост во неа.

Други болести кои се поврзуваат со топлите раце се периферна невропатија, т.е. оштетување на нервите, болки во мускулите и коските (фибромијалгија) и болно црвенило на кожата (еритромелалгија).

Ако вашите раце се често пати топли, консултирајте се со вашиот лекар за да ја спречите болеста навреме.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg