32 работи што го зголемуваат ризикот од рак

Благодарение на бројните истражувања направени изминативе неколку децении, научниците можат да ги издвојат 32-те најголеми причинители на рак.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-01.jpg

Некои случаи на рак се надвор од наша контрола и се одредени со генетски дефекти и предиспозиции.

Сепак, денес е познато дека вдишувањето на одредени материи, јадењето некои видови храна и употребата на некои видови пластика го зголемуваат ризикот од разни видови рак.

Како настанува ракот?

Секој пат кога се дели клетката, ензимите кои учествуваат во синтезата, во просек прават околу 120.000 грешки. Проблемот настанува кога ќе настане клучна грешка, која е како предизвикувач на ракот. 

Овие клетки го „тераат“ телото да ги снабдува со крв, па тие се размножуваат бесконечно. Односно, ракот почнува да се шири низ телото.

Се разбира, важно е за каква грешка станува збор, бидејќи во некои случаи проширувањето е побрзо, а некогаш побавно.

Според предвидувањата на научниците, во следните 50 години, секој трет човек на Земјата ќе заболи од некаков вид рак. Добрите вести се дека во 30% од случаите, болеста може да се спречи со менување на животните навики.

Важно е да се напомене дека овие нешта не предизвикуваат рак со сигурност, туку само го зголемуваат ризикот.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-02.jg.jpg

Па, погледнете кои се 32-те работи што најмногу го зголемуваат ризикот од рак:

Шеќер

Консумирањето премногу шеќер не само што предизвикува дебелина и дијабетес, туку може да ги оштети клетките и да го зголеми ризикот од рак.

Преработена храна

Преработената храна содржи конзерванси, најчесто штетни нитрати, што ѝ го продолжуваат рокот на траење и се канцерогени.

Пушење

Чадот од цигарите содржи најмалку 70 хемикалии за кои е познато дека се канцерогени.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-03.jpg

Сончање без заштитна крема и солариум

Луѓето кои почнале да користат солариум пред 35-тата година, имаат 87% поголеми шанси да добијат рак на кожата.

Сонцето е исто штетно, а најопасни се изгорениците кои настанале во младоста.

Токсични хемикалии на работното место

Се покажало дека луѓето кои работат со алуминиум, молерите, фризерките и козметичарките кои прават вештачки нокти се изложени на најголем ризик.

Истовремено, луѓето кои работат ноќни смени се изложени на поголем ризик од рак, поради неправилниот распоред на спиење.

Арсен

Светската здравствена организација тврди дека најмалку 140 милиони луѓе, во 50 држави, пијат вода со високо количество арсен. Покрај тоа, арсенот е најканцерогената состојка на цигарите.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-04.jpg

Скара

Иако месото приготвено на скара е вкусно, научниците откриле дека овој начин на приготвување ослободува канцерогени материи.

Јаглен

Стапката на заболување од рак на белите дробови е многу повисока кај рударите кои со децении ископуваат јаглен.

Алкохол

Редовното консумирање алкохол во големи количини може да предизвика неколку видови рак, вклучувајќи рак на грлото, црниот дроб, дојката и дебелото црево.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-05.jpg

Издувни гасови

Научниците потврдија дека издувните гасови од дизел моторите предизвикуваат рак на белите дробови. Издувните гасови од бензинците засега остануваат во категоријата можни канцерогени материи.

Солена и кисела храна

Најверојатно, ова не важи за храна што ја скиселувате самите. Засега, докажано е дека традиционалната кинеска солена риба е канцерогена.

Работа со нафта

Хемикалиите кои се користат за сортирање и одделување на маслото, можат да се ослободат во воздухот и водата, заедно со бензен и формалдехид, за кои е докажано дека се канцерогени.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg