32 работи што го зголемуваат ризикот од рак
Благодарение на бројните истражувања направени изминативе неколку децении, научниците можат да ги издвојат 32-те најголеми причинители на рак.
Некои случаи на рак се надвор од наша контрола и се одредени со генетски дефекти и предиспозиции.
Сепак, денес е познато дека вдишувањето на одредени материи, јадењето некои видови храна и употребата на некои видови пластика го зголемуваат ризикот од разни видови рак.
Како настанува ракот?
Секој пат кога се дели клетката, ензимите кои учествуваат во синтезата, во просек прават околу 120.000 грешки. Проблемот настанува кога ќе настане клучна грешка, која е како предизвикувач на ракот.
Овие клетки го „тераат“ телото да ги снабдува со крв, па тие се размножуваат бесконечно. Односно, ракот почнува да се шири низ телото.
Се разбира, важно е за каква грешка станува збор, бидејќи во некои случаи проширувањето е побрзо, а некогаш побавно.
Според предвидувањата на научниците, во следните 50 години, секој трет човек на Земјата ќе заболи од некаков вид рак. Добрите вести се дека во 30% од случаите, болеста може да се спречи со менување на животните навики.
Важно е да се напомене дека овие нешта не предизвикуваат рак со сигурност, туку само го зголемуваат ризикот.
Па, погледнете кои се 32-те работи што најмногу го зголемуваат ризикот од рак:
Шеќер
Консумирањето премногу шеќер не само што предизвикува дебелина и дијабетес, туку може да ги оштети клетките и да го зголеми ризикот од рак.
Преработена храна
Преработената храна содржи конзерванси, најчесто штетни нитрати, што ѝ го продолжуваат рокот на траење и се канцерогени.
Пушење
Чадот од цигарите содржи најмалку 70 хемикалии за кои е познато дека се канцерогени.
Сончање без заштитна крема и солариум
Луѓето кои почнале да користат солариум пред 35-тата година, имаат 87% поголеми шанси да добијат рак на кожата.
Сонцето е исто штетно, а најопасни се изгорениците кои настанале во младоста.
Токсични хемикалии на работното место
Се покажало дека луѓето кои работат со алуминиум, молерите, фризерките и козметичарките кои прават вештачки нокти се изложени на најголем ризик.
Истовремено, луѓето кои работат ноќни смени се изложени на поголем ризик од рак, поради неправилниот распоред на спиење.
Арсен
Светската здравствена организација тврди дека најмалку 140 милиони луѓе, во 50 држави, пијат вода со високо количество арсен. Покрај тоа, арсенот е најканцерогената состојка на цигарите.
Скара
Иако месото приготвено на скара е вкусно, научниците откриле дека овој начин на приготвување ослободува канцерогени материи.
Јаглен
Стапката на заболување од рак на белите дробови е многу повисока кај рударите кои со децении ископуваат јаглен.
Алкохол
Редовното консумирање алкохол во големи количини може да предизвика неколку видови рак, вклучувајќи рак на грлото, црниот дроб, дојката и дебелото црево.
Издувни гасови
Научниците потврдија дека издувните гасови од дизел моторите предизвикуваат рак на белите дробови. Издувните гасови од бензинците засега остануваат во категоријата можни канцерогени материи.
Солена и кисела храна
Најверојатно, ова не важи за храна што ја скиселувате самите. Засега, докажано е дека традиционалната кинеска солена риба е канцерогена.
Работа со нафта
Хемикалиите кои се користат за сортирање и одделување на маслото, можат да се ослободат во воздухот и водата, заедно со бензен и формалдехид, за кои е докажано дека се канцерогени.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





