32 работи што го зголемуваат ризикот од рак

Преработено месо

Преработеното месо, како виршлите, го зголемува ризикот од рак, најчесто на дигестивниот систем.

Азбест

Изложеноста на азбест може да предизвика рак на белите дробови. Иако денес е забранет, азбестот може да се најде на многу кровови и фасади.

Глифосат

Глифосатот е докажано канцероген, но ова е најчестиот хербицид што се користи денес.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-07.jpg

Пилевина

Оние кои работат во пилана или се столари, често ја вдишуваат прашината од дрвото. Ова го зголемува ризикот од рак на синусите и носните шуплини.

Хормонска контрацепција и естроген

Жените кои рано ја добиле првата менструација или кои рано влегле во менопауза, имаат поголем ризик од рак на дојката, поради нивото на естроген и прогестерон во нивното тело. Исто така, зголемен е ризикот и кај жените кои користеле хормонска терапија или контрацепција.

Вируси

Некои вируси го зголемуваат и ризикот од рак. Овде спаѓаат хепатит Б и Ц и ХПВ вирус.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-08.jpg

Генетика

Некогаш, појавата на ракот зависи и од вашите гени.

Дебелина

Докажано е дека дебелината го зголемува ризикот од рак на дојката, дебелото црево, ректумот, бубрегот и панкреасот.

Формалдехид

Со години е познато дека формалдехидот може да предизвика тумори во носната шуплина.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-09.jpg

Силиконски импланти

Силиконските импланти предизвикуваат трајни воспаленија и го зголемуваат ризикот од рак.

Загадување на воздухот

Смогот и честичките во него можат да предизвикаат рак.

Силициум

Силициумот е природен материјал, но градежните работници и рударите често го вдишуваат бидејќи работат со песок, камен и бетон. Поради тоа, тие се изложени на поголем ризик.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-10.jg.jpg

Зрачење

Рендгенските и гама зраците докажано предизвикуваат рак. Истото важи и за УВ зраците. Сепак, снимањето во болница не е доволно за да се појави рак, туку потребно е посилно зрачење.

Хронични воспаленија

Хроничните воспаленија од долгорочните инфекции, болестите на цревата и дебелината можат да ја оштетат вашата ДНК и да предизвикаат разни видови рак.

Пластика

Новите истражувања покажаа дека производителите на пластика ја прикривале штетноста на хемикалијата BPA.

33-raboti-shto-predizvikuvaat-rak-11.jpg

ГМО храна

Над 90% од пченката и сојата во светот се генетски модифицирани. Експертите се сложуваат дека пред да почне да се користи генетското модифицирање, не биле спроведени адекватни истражувања за неговото влијание врз луѓето.

Пуканки од микробранова

Во овие пуканки се додаваат хемикалии кои кога се загреваат, дополнително навлегуваат во пуканките.

Бело брашно

Понекогаш брашното се избелува со гас кој може да биде штетен.

Диетални производи

Можеби кога ќе прочитате дека нешто е диетално, мислите дека е добро. Но, изгледа подобро е да купувате „обични“ намирници. Проблемот е што диеталните продукти содржат многу транс масти, кои се навистина штетни.

Освежувачи за воздух

Освежувачите за воздух се полни со нафталин или формалдехид, за кои е добро познато дека се канцерогени.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg