Најдобрите домашни лекови против кашлица

Кашлицата е еден од најчестите здравствени проблеми поради кои пациентите бараат лекарска помош.

najdobrite-domashni-lekovi-protiv-kashlica-01.jpg

Причини за појава на кашлица има безброј, но воглавно таа е знак за некоја постоечка болест. Понекогаш, кашлицата е обид на организмот да ги исчисти дишните патишта.

Кога кашлицата ќе почне да се влошува, важно е да се ослободите од неа што е можно побрзо. Сепак, пред да почнете да земате лекови на своја рака, најдобро е да пробате некој домашен рецепт за кашлица.

Всушност, многу од домашните лекови за кашлица се покажале како навистина ефективни.

Во продолжение погледнете ги најдобрите:

Лут сируп против кашлица

Овој сируп има антиоксидансни и антивирусни својства и значително ќе ја ублажи кашлицата.

Потребни состојки:

  • 1 ситно исечкан кромид
  • 3 корени свеж рендан ѓумбир
  • 4 лажички квалитетен мед

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги медот, ѓумбирот и кромидот. Добро промешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса.

Оставете да отстои преку ноќ, а следното утро извадете ги состојките од медот.

Препорачливо е да консумирате по една лажица од сирупот, 5 до 6 пати дневно.

najdobrite-domashni-lekovi-protiv-kashlica-02.jpg

Чај од ѓумбир

Со децении, ѓумбирот се користи како природен лек против кашлица. Оваа лековите билка помага во искашлувањето и прочистувањето на дишните патишта.

Потребни состојки:

  • 1 лажица мед
  •  2 лажици свеж лимонов сок
  • 12 парчиња свеж ѓумбир

Начин на подготовка:

За да го направите чајот, во 6 децилитри вода ставете ги парчињата ѓумбир.

На тивок оган загрејте ја водата, но не дозволувајте да зоврие.

После 10 минути варење, прецедете го чајот и додајте ги медот и лимоновиот сок.

Во текот на денот треба да испиете неколку шолји од овој чај.

najdobrite-domashni-lekovi-protiv-kashlica-03.jpg

Погледнете ги останатите лекови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg