5 едноставни совети што оваа зима ќе ве заштитат од досадните вируси и настинки

Кога треба да се справувате со ниските температури и променливото време, нешто што најмалку ви треба е настинка или грип.

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-01.jpg

Иако изгледа како овој период настинките да се неизбежни, сепак постојат некои трикови што ќе ви помогнат да се заштитите.

Обидете се да ги правите овие работи секојдневно и значително ќе го намалите ризикот од појава на кашлица, висока температура, грип и слично.

Вода со лимон

Витаминот Ц е одличен за имунитетот, а лимонот го има во изобилство.

Токму поради ова, препорачливо е секој ден да пиете вода со лимон, најдобро наутро, на празен стомак.

Овој пијалак ќе ги спречи инфекциите, а киселоста е како штит што не им дозволува на патогените да предизвикаат некоја болест.

Покрај тоа, лимонот има состојки познати како фитонутриенти. Овие состојки имаат антиоксидансни својства, кои дополнително го штитат организмот.

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-02.jpg

Внес на добри бактерии

Најдобриот начин да се заштитите од грипот е да го зајакнете вашиот имунитет. Притоа, важно е да знаете дека голема улога во ова имаат вашите црева и бактериите кои се наоѓаат во нив.

За да ја одржите цревната флора во добра состојба, треба да консумирате храна што содржи добри бактерии. Овде спаѓаат намирници како кисела зелка, кефир, други ферментирани млечни производи, комбуха…

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-03.jpg

Лук, печурки и зачини

Зачините како куркума, оригано и чили се познати по нивните лековити својства. Па ако сакате да го зајакнете имунитетот, користете ги почесто.

Намирниците како лукот и некои видови печурки исто така имаат позитивно влијание врз здравјето - едно истражување покажало дека консумирањето шитаке печурки може значително да го зајакне имунитетот.

Слично влијание има и лукот.

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-04.jpg

Отстранување на бактерии и вируси

Веќе знаете дека е важно да ги миете вашите раце, но во сезоната на грип и настинки, редовната дезинфекција на дланките е уште поважна.

Покрај рацете, важно е да ги исчистите и предметите околу вас, како кваките, столовите, бирото…

Причината е што доколку некој болен ги допрел овие предмети, најверојатно на нив „оставил“ вируси и бактерии. Овие вируси можат да преживеат и до 24 часа, па важно е редовно да ги отстранувате.

Истовремен, не заборавајте редовно  да ја проветрувате просторијата во којашто седите.

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-05.jpg

Спиење

Доколку не спиете поради стрес или премногу обврски, имаме лоши вести за вас.

Недостатокот од сон го ослабува имунитетот бидејќи го намалува создавањето на Т-лимфоцитите. Ова се всушност клетки кои се клучни во борбата против патогените. Па, кога ќе се намали нивниот број, се зголемува ризикот од инфекции, настинка и бројни други болести.

За да го избегнете ова, обидете се да спиете подолго.

5-soveti-shto-ovaa-zima-kje-ve-zashtitat-od-dosadnite-virusi-i-nastinki-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg