Навики што ги имаат луѓето кои никогаш не се разболуваат

Пациентите кои немаат сериозни проблеми со здравјето, а одат на рутински контроли, имаат неколку заеднички навики – докторка открива кои се тие.

naviki-shto-gi-imaat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-razboluvaat-01.jpg

Една докторка забележала дека одредена група на пациенти кои доаѓаат на редовна контрола, иако немаат здравствени проблеми, имаат некои навики кои веројатно придонесуваат за добрата состојба на здравјето.

Секако, тоа не значи дека со сигурност луѓето кои ги практикуваат овие навики, нема никогаш да се разболат, но го зајакнуваат организмот, телото и умот.

Кои се навиките на луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат?

Уживаат во тоа што го прават

На сите ни е јасно дека физичката активност е неопходна за добро здравје, но она што е уште поважно, е дека треба да уживате во тоа, а не да го правите со сила.

Докторката открива дека ги советува пациентите да не трчаат, ако тоа не им годи. Истото важи и за други активности.

За нешто да стане рутина со која ќе живеете здрав живот, важно е да уживате во тоа. Најдете ја активноста која ве исполнува и никогаш нема да ви биде обврска, туку задоволство.

Балансирана исхрана

Не е воопшто нов ниту непознат фактот дека и балансираната исхрана е неопходна за доброто здравје. Не треба да се изгладнувате, ниту да се прејадувате и да консумирате храна која не му годи на организмот.

Според експертите, најдобро е да се придржувате до правилото 80:20 – во текод на денот може да јадете 80% здрава храна, а 20% да бидат работи што ги сакате, но умерено, како на пример еден колач.

Го совладале стресот

Стресот е причина за многу здравствени проблеми, но луѓето кои успеваат да го совладаат и знаат како да останат смирени во стресни ситуации, се многу поотпорни на секакви заболувања.

Секако, не треба да го игнорирате стресот и да се таложи однатре, а однадвор да не го покажувате, туку едноставно треба да најдете начин на кој ќе го смирите и ќе се ослободите од него.

Квалитетниот сон им е приоритет

Покрај тоа што недостатокот на сон ќе ве направи помалку енергични и ќе немате желба за ништо, многу истражувања покажуваат дека несоницата и ненаспаноста може да предизвика хронични заболувања, како дијабетес и висок крвен притисок.

Докторката открива дека здравите пациенти знаат колку е важен сонот и го користат времето наменето за спиење за добро да се одморат.

Редовно го проверуваат здравјето

Луѓето кои го одржуваат своето здравје знаат дека е неопходно да прават редовни контроли со цел да го задржат. Тие знаат кога да побараат помош и навреме да спречат некои проблеми.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg