Mатеријали што можат да му наштетат на здравјето и што да носите наместо нив

Топлите џемпери, лесните фустани, вашите омилени хеланки – голем дел од облеката што ја носиме е направена од синтетички материјали.

toksichni-materijali-shto-mozhat-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-i-shto-da-nosite-namesto-niv-01.jpg

Иако оваа облека изгледа добро и удобно, може да биде опасна за вашата кожа, но и за целокупното здравје. Лоша миризба, осипи и гадење се само некои од проблемите што можат да ги предизвикаат синтетичките материјали.

Па, погледнете кои материјали се најштетни за вашето здравје, и што можете да носите наместо нив:

Полиестер

Полиестерот е можеби најкористениот синтетички материјал. Иако понекогаш се произведува со мешавина од природни состојки, како памук, сепак може да ви наштети.

Кога носите облека од полиестер, вашата кожа не може да дише. Покрај тоа, зголемувањето на телесната температура помага во ослободувањето на хемикалии од материјалот, кои се апсорбирани од вашата кожа.

Ова може да резултира со разни проблеми, како осипи, чешање, црвенило, егзема и дерматитис.

toksichni-materijali-shto-mozhat-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-i-shto-da-nosite-namesto-niv-02.jpg

Рајон (вискоза)

Рајонот се влакна направени од целулоза, кои се добиваат од дрвена пулпа. Кај овој материјал, опасно е и самото производство, а неговото носење може да ви предизвика проблеми.

Материјалот од рајон може да ослободи токсични супстанци кои предизвикуваат гадење, главоболки, повраќање, болка во градите и мускулите и несоница.

Покрај тоа, производството на овој материјал ја загадува околината.

toksichni-materijali-shto-mozhat-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-i-shto-da-nosite-namesto-niv-03.jpg

Акрил

Овој материјал е направен од акрилонитрил – канцерогена супстанца. Па, не е ни чудно што изложеноста на овој материјал може да предизвика разни здравствени проблеми.

Некои од нив се главоболка, гадење, вртоглавица, тешкотии при дишењето и малаксаност.

Како најлонот, и производството на акрил е штетно за околината.

toksichni-materijali-shto-mozhat-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-i-shto-da-nosite-namesto-niv-05.jpg

Ликра, спандекс, еластин

Овие материјали се растегливи, па од нив се изработува тесна облека, како спортски градници, хеланки, бикини и слично.

Како и другите синтетички материјали, и овие се направени од штетни хемиски супстанци.

Долгата изложеност на овие материјали може да предизвика иритации на кожата како, на пример, дерматитис.

toksichni-materijali-shto-mozhat-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-i-shto-da-nosite-namesto-niv-06.jpg

Кои материјали се безбедни за носење?

Ова не значи дека треба веднаш да ја промените целата гардероба. Туку, едноставно, следниот пат обидувајте се да купувате облека направена од следниве материјали:

- Памук: Памукот ѝ овозможува на кожата да дише, ги апсорбира течностите, штити од студ и топлина и е издржлив. Ова е најдобриот материјал за изработка на облека.

- Мерино волна: Ова е природен материјал што ја впива влагата и не ја губи формата со текот на времето. Истовремено, овој материјал нуди и заштита од УВ зраци.

- Кашмир: Кашмирот е вреден материјал и не содржи никакви штетни хемикалии.

- Коноп: Овој текстил им служи на луѓето веќе илјадници години. Познат е по неговата сила и издржливост, а колку повеќе ја носите облеката од коноп, толку помека станува.

- Свила: Свилата не само што има луксузна текстура, туку има и здравствени придобивки. Наводно, овој материјал го забавува стареењето, им помага на лицата со егзема и астма, помага во избегнувањето алергии и го подобрува спиењето.

- Бамбус: Ова е нова и интересна алтернатива за традиционалните природни материјали. Текстилот од бамбус е мек како и другите материјали, а помага и во регулирање на телесната температура. Бамбусот подобро ја апсорбира влагата од памукот, а штити од УВ зраци исто како и мерино волната.

- Лен: Ленот е удобен и издржлив материјал. Лесен е за одржување и можете да го носите во секоја сезона.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg