Неочекувани симптоми на биполарно нарушување што често се игнорирани
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


Неочекувани симптоми на биполарно нарушување што често се игнорирани

Околу 46 милиони луѓе ширум светот страдаат од биполарно нарушување.

neochekuvani-simptomi-na-bipolarno-narushuvanje-shto-chesto-se-ignoriraat-01.jpg

Биполарноста има влијание врз енергијата на луѓето, нивното расположение, социјалните активности, па дури и способноста за извршување на наједноставните задачи.

За жал, многу од симптомите на ова нарушување често се игнорирани, па луѓето не го добиваат потребниот третман.

Во продолжение погледнете 7 симптоми на биполарност на кои ретко им се обрнува внимание:

Проблеми со спиење

Кога имате биполарно нарушување, се менува распоредот на спиење. Ова, пак, може да резултира со несоница која трае со недели и која ќе има лошо влијание врз вашиот живот.

Истовремено, може да се намали и потребата за спиење, па да не се чувствувате уморно целиот ден.

Понекогаш, кај луѓето со биполарност се појавува и апнеја, што дополнително го намалува квалитетот на сонот.

Намалена концентрација

На луѓето со биполарно нарушување лесно им се одвлекува вниманието, без разлика каде се и што прават. Причината за ова е нивното променливо расположение.

Кога се обидуваат да се фокусираат на едно нешто и помислат на друго, почнуваат да го работат тоа. Ова го отежнува завршувањето на обврските и задачите.

neochekuvani-simptomi-na-bipolarno-narushuvanje-shto-chesto-se-ignoriraat-02.jpg

Преголема самодоверба

Кај луѓето со биполарно нарушување може да се појави преголема самодоверба. Тие се чувствуваат супериорно и неранливо.

Самодовербата ги тера да мислат дека се поважни, помоќни и попаметни од другите

Брзо зборување

Неретко, биполарните луѓе сакаат да зборуваат многу и зборуваат брзо. Причината е што во моментот им доаѓаат илјадници мисли, па никако не можат да го стивнат нивниот ум.

Ова го отежнува секојдневниот живот и контролирањето на емоциите.

neochekuvani-simptomi-na-bipolarno-narushuvanje-shto-chesto-se-ignoriraat-03.jpg

Често зборување

Бидејќи имаат многу мисли, биполарните луѓе имаат потреба да зборуваат многу. Често ја менуваат темата на разговор и можат да зборуваат многу долго.

Понекогаш можат да зборуваат погласно од другите и да не им дозволат да кажат ништо.

Одлично расположение

Луѓето со биполарно нарушување можат да имаат епизоди на многу добро расположение. Оваа појава е позната и како манија.

За време на овие манични епизоди тие се чувствуваат среќно и возбудено. Но, најчесто ова го следи депресивна епизода.

neochekuvani-simptomi-na-bipolarno-narushuvanje-shto-chesto-se-ignoriraat-04.jpg

Екстремна раздразливост

Биполарните луѓе често се чувствуваат раздразливо, без некоја причина. Дури и најмалите ситници можат да ги разгневат.

Овие симптоми можат да се појават заедно или одделно. Доколку забележите некои од нив, добро би било да разговарате со професионалец.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Полови болести кои тешко се откриваат, а може да бидат многу опасни Половите заболувања се реална опасност за секое лице кое е сексуално активно. Иа...
Парализа на сон, феномен кој со векови ги плаши луѓето Невообичаени состојби на спиење и/или будење се симптоми на она што науката го н...
Со кои трикови се служат жените кои никогаш не држат диети? Во теорија, губењето на тежината е прилично едноставно: треба само да јадете здр...