Домашни лекови од нашите баби што прават чуда за организмот

Факт е дека нашите баби пораснале со многу помалку лекови и лекарски посети за разлика од нас. Но и покрај ова, нивното здравје било во одлична форма.

domashni-lekovi-od-nashite-babi-shto-pravat-chuda-za-organizmot-01.jpg

Најверојатно, нивната тајна се природните лекови и состојки, кои навистина можат да направат чуда за вашиот организам.

Па, сега кога започна сезоната на грип и настинки, добро би било да знаете за овие домашни лекови:

Солена вода против болки во грлото

Доколку имате бактериско воспаление на грлото, тогаш овој лек нема да ви помогне.

Но, ако проблемот е само болката во грлото, тогаш солената вода може да направи чуда.

Сѐ што треба да направите е да растворите лажица сол во 200 милилитри млака вода. Исплакнете го грлото секогаш кога можете, само немојте да го голтате растворот.

domashni-lekovi-od-nashite-babi-shto-pravat-chuda-za-organizmot-05.jpg

Ѓумбир против мачнина

Веќе сите знаат за чудотворно дејство на ѓумбирот врз здравјето, а нашите баби најчесто го користеле против мачнина.

Само една шолја чај од ѓумбир ќе ви го смири желудникот и ќе ја ублажи мачнината која се појавува во текот на бременоста или за време на возењe.

domashni-lekovi-od-nashite-babi-shto-pravat-chuda-za-organizmot-02.jpg

Суви сливи против констипација

Сувите сливи имаат состојки што ја поттикнуваат работата на цревата и помагаат при констипација.

Но, важно е да ги следите правилата за подготовка и дозирање:

- Ставете 5-10 суви сливи во вода и оставете ги да омекнат преку ноќ.

- Следното утро изедете ги.

- Можете да ја испиете и водата во која стоеле сливите.

domashni-lekovi-od-nashite-babi-shto-pravat-chuda-za-organizmot-03.jpg

Лаванда против несоница

Бабите имаат лек и за несоницата, а дејството на лавандата е потврдено и од науката.

Оваа билка го намалува крвниот притисок, а со тоа го забавува чукањето на срцето. Ова, пак, ќе ви помогне да се релаксирате и да спиете подобро.

domashni-lekovi-od-nashite-babi-shto-pravat-chuda-za-organizmot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg