Која е органска храна?

koja-e-organska-hrana-povekjeШто воопшто значи често користената фраза „органска храна“? Се мисли на специфично производство на храна, без употреба на пестициди и...

 

...други хемикалии. Производите добиени на овој начин без сомнение се најздрави, но треба да се консумираат свежи, бидејќи без вештачки средства не можат долго да издржат.

koja-e-organska-hrana

Во главно под органска храна се мисли на овошје и зеленчук, но понекогаш изразот го употребуваме и за храна од животинско потекло (кога животните се одгледани на здрав и природен начин).

Органската храна најлесно ќе ја најдете на пазарите или ако имате среќа, кај роднини на село. Пожелно е да се поразговара со земјоделецот за методите кои ги користи при производство, за да бидете сигурни што купувате. Во развиените земји постојат специјализирани пазари со органски продукти.

За некој продукт да се смета за органска храна, тој мора да се добие со следење на овие правила:

  • Не смеат да се користат пестициди, хербициди ниту слични средства.
  • Нивата на која се одгледува органска храна најмалку три претходни години не смее да била во допир со хемиски средства.
  • Таа нива мора да има јасни граници, растенијата во неа да не доаѓаат во допир со хемикалии од соседната нива.
  • Забранет е генетски инженеринг - сè мора да биде во склад со природата.

Проблемите со штеточините се решаваат по природен пат- со поставување замки и мамци; со користење на животински видови кои се природни непријатели на конкретните штетници.

Кога се зборува за храна од животинско потекло, правилата се следни: во исхраната не смеат да се користат хормони кои вештачки го подобруваат растот, ниту било какви лекови, како ни други вештачки средства.

Дали органската храна може поволно да делува на здравјето?

Експертите велат дека може.

Ако во голема мера се храните со органска храна, тоа е најдобар начин нивото на токсини во организмот да се сведе на минимум.

Во вообичаеното земјоделско производство најмногу токсини има во вид на пестициди и разни метали, кои поволно делуваат на трајноста на намирниците, но неповолно на севкупното здравје. Некои од нив го зголемуваат ризикот од разни болести- нервни  заболувања, рак и др.

Намирниците произведени на органски начин содржат поголемо ниво на хранливи состојки, како што се протеини, витамин Ц и многу минерали.

Во еден научен проект, стручњаците направиле споредба, која во бројки изгледа вака: органската храна содржи 27%, повеќе витамин Ц, 21% повеќе железо, 29% повеќе магнезиум и 13% повеќе фосфор.

Вреди да се потрудиме да вклучиме повеќе органски намирници во храната. Многу бргу ќе забележиме позитивно влијание на здравјето.

Би можело да ве интересира:

Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
За првпат по 50 години ја има и во Италија – Како да се заштитите од колера? Се смета дека во модерните земји е целосно искоренета, но сепак по 50 години во ...
Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Што е предсемена течност и може ли да се забремени од неа? Предсемената течност се лачи за да ги подготви органите за оплодување и мажот не...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg