Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање

Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект може да настане ако сте веќе дехидрирани - нешто што се случува по напорен тренинг. Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак.

3-vida-pijalaci-koi-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-po-vezhbanje-01 (1).jpg

Кога сме жедни и треба да се хидрираме по интензивна активност како трчање, возење велосипед или вежбање во теретана, често пиеме погрешен пијалак.

Важно е да знаете дека нема потреба да се откажувате од овие пијалаци, но избегнувајте да ги пиете веднаш по тренинг.

За кои пијалаци станува збор?

1. Газирани пијалаци

Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект настанува и ако сте веќе дехидрирани - нешто што се случува по напорен тренинг.

Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак.

Доколку веднаш сакате да пиете нешто газирано, подобро земете минерална вода со свеж лимон.

3-vida-pijalaci-koi-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-po-vezhbanje-01.jpg

2. Алкохолни пијалаци

Алкохолот може да биде диуретик, што ве става во поголем ризик од дехидратација, а недостатокот од течности може да предизвика непријатен мамурлак.

Наместо тоа, по тренинг подобро напијте се природен овошен сок, а ако сепак сакате алкохол, дозволено е едно пиво.

Izbegnuvajte gi ovie pijalaci posle trening 03

3. Кафе и пијалаци со кофеин

Вашето срце чука брзо, полни сте со адреналин и нема причина да додавате кофеин во оваа комбинација.

Пијалаците со силна кофеинска основа не го хидрираат организмот, а по вежбање важно е да го надополните изгубеното количество вода.

Наместо кафе, подобро е да се напиете какао по вежбање.

Izbegnuvajte gi ovie pijalaci posle trening 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg