Покрај тоа што спасувате живот - Зошто е добро да дарувате крв?

Кога дарувате крв, не само што ќе спасите нечиј живот, туку ќе си помогнете и себеси.

iznenaduvachki-pridobivki-od-daruvajeto-krv-01.jpg

Знаевте ли дека од луѓето кои се во можност да даруваат крв, само 10% го прават тоа? Доколку спаѓате овде, тоа е одлично. А, доколку ви треба уште некоја причина да го направите тоа, придобивките од дарувањето дефинитивно ќе ве убедат.

Со едно дарување крв, можете да спасите дури три човечки животи.

Главниот поттик за дарување е помагањето на другите, но дарителите имаат и неколку други придобивки од ова:

Ќе се чувствувате подобро

Откако ќе дарувате крв, сигурно ќе се чувствувате подобро бидејќи знаете дека ќе помогнете некому.

А, ова чувство има добро влијание врз вашето здравје – на пример, го намалува крвниот притисок.

Бесплатен преглед

Пред да дарувате крв, медицинските лица мораат да го проверат вашето здравје. Тие бесплатно ќе ги проверат вашиот крвен притисок, пулс, температура и ниво на хемоглобин.

iznenaduvachki-pridobivki-od-daruvajeto-krv-02.jpg

Ќе дознаете дали сте анемични

Тестирањето за нивото на хемоглобин може да открие дали имате анемија. Анемијата е нарушување каде што во телото нема доволно црвени крвни зрнца.

Бидејќи ова нарушување не е ретка појава, со овој преглед можете да го откриете навреме.

Ќе го намалите нивото на железо

Нивото на железо не е проблем за генерално здравите луѓе. Сепак, луѓето со хемохроматоза имаат високо ниво на железо во крвта, што може да предизвика штета во организмот.

Според податоците, со секое донирање крв се „отстранува“ од 225 до 250 mg железо.

iznenaduvachki-pridobivki-od-daruvajeto-krv-03.jpg

Ќе дознаете дали имате сексуално пренослива болест

Крвта што ја дарувате мора да се провери и за сексуално преносливи болести. Па, ова ви е уште една бесплатна проверка.

Доколку добиете позитивни резултати за некоја болест, немојте да паничите. Во овој случај најверојатно ќе ве испратат на дополнително тестирање.

Сепак, доколку се сомневате дека сте заразени со нешто, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Ќе дознаете дали имате други инфективни болести

Донираната крв се тестира и за хепатит, Зика и многу други инфективни болести.

И во овој случај, ако добиете позитивен резултат, нема потреба од паника и направете уште едно тестирање.

Ќе го подобрите здравјето на срцето

Едно истражување покажало дека луѓето со хипертензија кои донирале крв 4 пати забележале намалување на крвниот притисок.

Доказите од ова истражување не се цврсти, па ако имате проблем со висок притисок треба да се консултирате и со вашиот лекар.

iznenaduvachki-pridobivki-od-daruvajeto-krv-04.jpg

Ќе согорите неколку калории

Можеби нема да ослабите, но со дарувањето крв дефинитивно ќе согорите неколку калории. Покрај тоа, после дарувањето препорачливо е да мирувате, па ќе имате цел ден за себе.

Ќе ја дознаете вашата крвна група

Ако прв пат дарувате крв, ќе ви кажат и која е вашата крвна група.

Оваа информација може да ви користи во случај на несреќа или ако се бара дарител со одредена крвна група.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg