Совет од искусни нутриционисти: Како да спиете како дете?

Голем број луѓе навечер мака мачат и се борат со себе за квалитетен сон. Честопати ситуацијата може да ви изгледа безизлезна, но експертите тврдат дека со малку промена во исхраната може да имате подобри резултати на долг рок.

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-01.jpg

За нашето тело да функционира правилно, неопходно е да имате 8 часа сон во континуитет. На многумина им изгледа дека ова сценарио е невозможно заради нашите секојдневни навики, но процесот е едноставен – избегнување на одредени типови храна.

Важно е да знаете дека оброкот пред спиење има големо влијание на сонот. Експертите тврдат дека оброк богат со јаглехидрати може да оневозможи квалитетен одмор. 

Спротивно на ова, оброк богат со масти води до полесно заспивање. Двата типови оброци се со иста калорична вредност.

За добар сон потребно е да внесувате намирници кои се со ниско ниво на јаглехидрати и високо ниво на масти. Консумирајте јаткасти плодови, особено бадеми и ореви кои содржат мелатонин, хормон кој ги регулира циклусите на спиењето.

Консумирање храна со високо ниво на протеин помага да спиете подобро.

Покрај сирењето и јаткастите плодови, во групата на корисни намирници кои би било добро да ги консумирате навечер се и:

Месо (говедско, свинско, мисиркино)

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-02.jpg

Риба (лосос, туна, харинга, бакалар)

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-03.jpg

Масло (маслиново, кокосово, ленено)

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-04.jpg

Семки (сончоглед, чиа, лен)

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-05.jpg

Јајца

sovet-od-iskusni-nutricionisti-kako-da-spiete-kako-dete-06.jpg

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg