Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одговори на 10-те најгуглани прашања за здравјето во 2019

6. Која е причината за појава на камења во бубрезите?

Камењата во бубрезите се формираат од сол или некој минерал. Камењата настануваат кога во бубрезите има премногу од минералот, или кога не пиете доволно вода.

Најчесто камењата се последица од земање превисока доза витамин Д, бајпас операција, проблеми со метаболизмот, внесување премногу протеини и слично.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-07.jpg

7. Што е ХПВ?

ХПВ, или човечки папиломен вирус, е најчестата полово пренослива инфекција во светот.

Вирусот ја инфицира кожата и мукозните мембрани, а може да биде многу поопасен за жените отколку за мажите.

Постојат околу 130 видови ХПВ вирус, од кои некои предизвикуваат појава на брадавици, некои рак, а некои, пак, не покажуваат никакви симптоми.

Она што го прав вирусот опасен е тоа што повеќето заразени не се ни свесни дека го имаат, па им го пренесуваат на сексуалните партнери.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-08.jpg

8. Како се намалува холестеролот?

За да го намалите холестеролот, најпрво треба да намалите со консумирањето заситени и транс масти. Истовремено, обидете се почесто да внесувате омега 3 масни киселини и хранливи влакна.

Од помош можат да бидат физичката активност и вежбањето, а ако сте пушач, добро би било да ги оставите и цигарите. Исто така, бидете поумерени со алкохолот.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-09.jpg

9. Колку калории дневно треба да внесувате?

Калориите се неопходни за да преживеете, но бројот на калории што ќе ги внесете зависи од вашата цел. Односно, бројот на внесени калории зависи од тоа дали сакате да ослабите, да се здебелите или да ја задржите тежината.

Во просек, во еден ден на жените им се потребни 2.000, а на мажите 2.500 калории за да ја одржат истата тежина. Сепак, овој број се менува и во зависност од вашата тежина, физичка активност, возраст и слично.

За да го добиете точниот број, најдобро е да се консултирате со лекар или нутриционист.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-10.jpg

10. Колку долго алкохолот останува во организмот?

И ова прашање нема ист одговор за сите.

Воглавно, телото може да метаболизира половина пијачка за еден час. Сепак, важна е и вашата големина, вашето здравје, што сте јаделе пред да пиете и каков алкохол пиете.

Тестовите за алкохол можат да го забележат алкохолот во крвта до 12 часа после пиење. Тестовите со урина го покажуваат нивото на алкохол 3 до 5 дена после пиење, а тестовите со примерок од коса го покажуваат присуството на алкохол и до 90 дена после пиење.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg