Дали е-цигарите се најдобра алтернатива за пушачите?

(комерцијален текст) Бројот на корисници на е-цигари во светот постојано се зголемува со причина; овие производи влеваат најголема безбедност за пушачите во однос на помала штетност, можноста да се откажат и да се ослободат од зависноста и затоа се најдобрата алтернатива за пушачите.

dali-e-cigarite-se-najdobra-alternativa-za-pushachite-01.jpg

Во Велика Британија најавија препишување на рецепт за електронски цигари како ефикасно средство за одвикнување ... се надеваме дека оваа пракса ќе биде достапна и во Македонија за да им помогне на пушачите да се борат со зависноста од тутун. 

Електронските цигари се уреди што произведуваат ВОДЕНА ПАРА, поради што жаргонски често се користат термините како што се: ИСПАРУВАЊЕ или VAPE.

Течностите за електронски цигари во основа на составот содржат: Пропилен гликол, растителен глицерол и арома или вкус што се користи во исхраната, медицината, козметиката и се целосно безбедни за здравјето.

Додека традиционалните цигари и уреди за загревање на тутун НЕ ја даваат можноста за одвикнување од зависноста од никотин, со електронски цигари тоа е МОЖНО. Имено, корисниците на е-цигарите можат од самиот почеток да користат БЕЗНИКОТИНСКИ течности или течности со различни дози на никотин по сопствен избор. Овој никотин е 99,9% медицински прочистен и лабораториски контролиран.

Со текот на времето, корисниците се префрлаат на течности со се помалку и помалку никотин, или додека не се префрлат целосно на течности без никотин, што е докажано во пракса како многу успешен метод за ОДВИКНУВАЊЕ ОД НИКОТИНОТ И ЗАВИСНОСТА.

dali-e-cigarite-se-najdobra-alternativa-za-pushachite-02.jpg

За разлика од тутунските, консумирањето на електронски цигари нема непосреден ефект на намалување на протокот на крв и кислород во срцето, покажаа резултатите од новата студија која беше претставена на конгресот на Европското здружение за кардиолози во Амстердам.

Истражувачите на Клиниката за кардиохирургија при атинскиот центар Оназис, предводена од  д-р Константинос Фарсалинос, го испитуваа влијанието од користењето на е-цигарите врз способноста на срцевите артерии да го снабдуваат срцето со крв и кислород.

Познато е дека пушењето во моментов ја намалува способноста на срцевите артерии да го снабдуваат срцето со крв и кислород. Целта на оваа студија беше да се утврди дали има сличен ефект и од консумацијата на електронските цигари рече д-р Фарсалинос, водичот на истражувачкиот тим.

По само две испушени цигари од тутун, кај учесниците во студијата е забележано намалување на протокот на крв и кислород до срцето од 16%, како и зголемување на отпорот на проток за дури 19%. 

Меѓутоа, по консумирање електронските цигари, немаше разлика во протокот на крв и кислород во срцето на корисникот, ниту во зголемување на отпорот - во споредба со резултатите од претходното мерење. Резултатите се импресивни и покажуваат дека за разлика од тутунот, електронските цигари не влијаат на протокот на кислород и крв во срцето. Сите достапни докази недвосмислено потврдуваат дека тие се далеку помалку штетни од тутунот - истакна д-р Фарсалинос.

Од компанијата Амбрела која работи на пазарот во Македонија веќе 7 години, ни потврдија дека бројот на клиенти константно се зголемува од година во година. Нивниот комплетен асортиман на електронски цигари и течности можете да го погледнете на сајтот: www.umbrellashop.mk

Би можело да ве интересира:

Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg