Затнат нос и кивање: како да си го олесните дишењето за 5-10 минути?

Сите многу добро ги знаеме симптомите како што се: затнат нос, кивање, отежнато дишење и нарушен сон како последица на тоа. Секако, таквите проблеми со носот не се опасни по живот, но се многу здодевни. Тие проблеми се појавуваат 2-5 пати годишно кај возрасни, а уште почесто кај деца.

kako-da-go-odzatnete-nosot-01.jpg

Чувството на чешање и печење во носот и грлото се првите знаци кои покажуваат дека нешто се случува. Набрзо станува јасно дека тие симптоми ќе станат посериозни и дека за неколку дена ќе мора да се приспособиме на нив или дури и да ги откажеме нашите активности.

Што се случува?

Носот е прва линија на одбрана на телото од надворешни агенси, како што се бактерии, вируси, алергии, загадување, чад и честички од прашина. Носната слузница го филтрира воздухот, го навлажнува и затоплува ладниот воздух. При нарушена функција на носната слузница под дејство на различните надворешни агенси може да се јави: чешање на носот, кивање, растечен и затнат нос.

Понатаму, како резултат на воспалението, носната слузница може да се оштети. Може да се појават мали ранички и дополнителна иритација. Во ваква состојба, луѓето обично остануваат во нивните домови и одмораат опкружени со марамчиња за нос.

Како напредуваат симптомите?

Првите неколку дена, вашиот нос создава воден секрет. Потоа, секретот станува густ и обоен и вообичаено е придружен со кивање. Ако првите симптоми не се третираат соодветно, можно е симптомите да се влошат и да доведат до затнат нос и воспаление на синусите. Може да се развијат и дополнителни компликации, како што е ширење на инфекцијата на други делови, на пример, на средното уво.

Што можеме да направиме?

Во денови кога се соочуваме со опишаните проблеми со носот, сите посакуваме да се лекуваме брзо, ефикасно, но, секако, со нежност и чувствителност. Таа нежност ја очекуваме од луѓе со кои сме опкружени, но и од производ што го користиме со цел да се ослободиме од тие здодевни симптоми.

kako-najbrzo-da-go-odzatnete-nosot-03.jpg

Септаназал е комбинација од двете: со напреден 2 во 1 состав, го одзатнува затнатиот нос и ја заздравува носната слузница. Xylometazoline ефикасно го намалува отокот на носната слузница и на тој начин го одзатнува носот. Од друга страна, пак, dexpanthenol ја штити слузницата и овозможува заздравување на малите ранички.

kako-najbrzo-da-go-zatnete-nosot.jpg

Кога имате затнат нос, важно е да направите што побрзо да ви олесни.

Септаназал има брзо дејство за 5-10 минути. Спрејот не содржи конзерванси и доаѓа во 2 форми: за возрасни и за деца постари од 2 години.

kako-da-go-odzatnete-nosot-03.jpg

И, на крај, - олеснување! Вашиот нос не е затнат и е заздравен. Проблемите со носот се минато и носната слузница повторно функционира како што треба. Слободно можете да дишете преку нос.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Дали народните лекови се ефикасни за сезонски алергии (и како да ги намалите симптомите)? Пред да пробате каков бил лек за сезонски алергии, без разлика дали народен или ...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg