Лековити придобивки на алое верата - „растението на бесмртноста“ + направете сами сок и гел
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Doktor 03-06-2020


Лековити придобивки на алое верата - „растението на бесмртноста“ + направете сами сок и гел

Алое верата е со сигурност едно од најздравите растенија на Земјата.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 01 630x340.jpg

Таа се користела како лек во антички Египет пред 6.000 години, каде била позната како „растение на бесмртноста“.

За нејзината чудесна исцелителна способност сведочеле бројни историски личности како Аристотел, Кристофер Колумбо и кралот Соломон.

Денес можеме да најдеме екстракти од алое вера во мноштво производи - од детергентите за миење садови до јогурти и разни прехрамбени производи.

Иако повеќето од здравствените придобивки што ѝ се припишуваат на алое верата сè уште се расправаат во научните кругови, во нејзиниот комерцијален успех не може да се посомнева.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 02 630x355.jpg

Проценетата годишна вредност на глобалниот пазар за производи што содржат алое вера е приближно 13 милијарди американски долари.

Во продолжение ви претставуваме 7 здравствени придобивки на алое верата за кои можеби не сте знаеле:

Ја освежува и заздравува кожата

Покрај тоа што ја хидрира кожата и ги елиминира осипите и алергиите, алоето помага во намалување на брчките и ја прави кожата еластична и помека.

Исто така, поради салицилната киселина, алоето може да послужи и за чистење на лицето и ефикасно да се избори против акните и мозолчињата.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 03 630x368.jpg

Погодна е за одржување на оралната хигиена

Алое верата е природна алтернатива за миење на устата. Студиите покажуваат дека сокот од ова растение е 100% ефикасен во борбата против плакот на забите.

Други истражувањата покажуваат дека алоето, исто така може да го забрза заздравувањето на раните во устата, но сепак не покажува подобри резултати од конвенционалните лекови.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 04 630x354.jpg

Со алое верата против тврдата столица

Алое вера често се користи за лекување на запекот, но за разлика од повеќето третмани, овде не се користи гелот, туку латексот - леплив жолт талог што може да се најде веднаш под кожата на листот.

Соединенијата одговорни за оваа намена се нарекуваат алоини и нивниот лаксативен ефект е добро познат.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 05 630x355.jpg

Го зајакнува организмот

Поради своите антиинфламаторни и антивирусни ефекти, алое верата помага да се елиминира херпесот, но исто така го зајакнува имунолошкиот систем.

Оваа билка е одличен сојузник во борбата против симптомите на настинка, како што се болката во грлото и отечените крајници.

Го зголемува ефектот на кремите и лековите

Хемикалиите во алоето им помагаат на состојките на кремите да навлезат подлабоко во слоевите на кожата, со што се подобрува ефектот на кремите и лосионите, но и многуте лекови имаат подобар ефект кога се состојат од алое вера.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 06 630x496.jpg

Алое верата може да го намали нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите

Алоето некогаш се користело како традиционален лек за дијабетес.

Во народната медицина, се тврди дека ја подобрува чувствителноста на инсулин и ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта.

Неколку студии спроведени на дијабетичари од тип 2 покажале ветувачки резултати при консумирање на екстракт од алое вера.

Се советува луѓето што веќе користат лекови за намалување на шеќерот да бидат претпазливи со алое верата и претходно да се консултираат со својот лекар, бидејќи прелиминарните студии сугерираат дека таа може дополнително да го намали нивото на шеќер во крвта.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 07 630x301.jpg

Таа го забрзува заздравувањето на изгорениците

Одамна е познато дека алое верата се користи како лек за рани, особено изгореници.

Истражувањата покажуваат дека таа е ефикасна за третман на изгореници од прв и втор степен, и беше одобрена во Соединетите држави за овие третмани, уште во 1959 година.

Алое верата содржи активни состојки кои можат да ја намалат болката и воспалението, а кои промовираат раст и регенерација на кожата.

Исто така е ефикасна како навлажнувач. Оваа билка најдобро се користи за лекување на мали изгореници и иритации на кожата.

Официјалната наука не препорачува третман на отворени рани, па сепак консултирајте се со стручно лице.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 08 630x476.jpg

Како да подготвите гел од алое вера:

Со чисти раце отсечете еден надворешен лист од растението и ставете го вертикално во чашата, така што сокот ќе се исцеди.

Внимателно излупете ја надворешната страна од листот со ноже за лупење или пак обичен нож, извадете го гелот со лажица и пренесете го во чиста чинија.

Употребувајте го гелот во рок од една недела - користете го како превенција од брчки, иритација на површината, сончање или дополнителна хидратација на кожата.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 09 630x420.jpg

Како да подготвите сок од алое вера:

Изработката на сокот е многу едноставна.

Измиксајте го гелот отстранет од лисјата во блендер, ставете го во стаклен, затворен сад и оставете го да стои во вашиот фрижидер.

Гелот користете го максимум една недела.

Ставете две лажички гел во чаша вода, промешајте и пијте наутро или три часа пред спиење.

Lekoviti-pridobivki-na-aloe-verata-rastenieto-na-besmrtnosta-napravete-sami-sok-i-gel-od-aloe-vera 10 630x354.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва помош за изгореници од сонце: 6 трикови за ублажување на болката Сигурно и вам ви се случило да изгорите уште на првиот или вториот ден од одморо...
4 работи кои вашата кожа се обидува да ви ги каже Деталното разгледување на вашата кожа може да открие неколку важни работи за здр...
9 сигнали од телото кои треба да ги сфатите сериозно Телото е најкомплицираната машинерија која постојано ни испраќа сигнали кога нек...

Спонзорирани линкови: