6 најмоќни суплементи за силен имунитет – што треба да консумирате во периодот на корона вирусот?

Дури и на најсилниот имунолошки организам понекогаш му се потребни дополнителни суплементи кои помагаат во борбата против вирусите. Во продажба може да најдеме стотици видови на суплементи, но не сите се со подеднакво добар квалитет.

6-mokjni-suplementi-za-dilen-imunitet-01.jpg

Најдобрите додатоци за организмот се оние коишто имаат одлична биорасположливост и не содржат компоненти штетни за организмот. Тие навистина можат да го зајакнат имунолошкиот систем:

Цинк сулфат

Со недостаток на цинк, секој вирус што ќе навлезе во телото може да предизвика силен имунолошки одговор. Белите крвни клетки добиваат сигнал дека треба да го „уништат непријателот“, што секако е добро доколку организмот има доволно цинк. Благодарение на ова минерали, вируси стануваат помалку активни, што му овозможува на имунолошкиот систем побрзо да ги неутрализира.

Доколку имате недостаток на цинк, симптомите ќе бидат поинтензивни и болеста ќе потрае подолго. Цинкот ги одвраќа и ослабува патогените микроорганизми, а цинк сулфатот е додаток којшто му помага на имунолошкиот систем да се бори против болестите.

Витамин Б12

Речиси на секој современ човек му недостасува овој витамин. Неговиот недостаток ги создава сите услови за влошување на здравјето.

Секојдневното дополнување со витамин Б12 е неопходно за да се спречи развојот на многу болести, особено вирусните инфекции. Исто така, овој витамин го зајакнува нервниот систем и го штити мозочното ткиво.

Витамин Ц

Овој антиоксидант го „храни“ имунолошкиот систем. Многу вируси се чувствителни на овој витамин. Покрај тоа, тој ги штити клетките од оксидација и може да уништи каков било патоген.

Исто така, витаминот Ц го спречува развојот на воспалителни процеси во организмот, помага да се зголеми бројот на белите крвни клетки во крвта, ги зајакнува неутрофилите. Внесувањето на витаминот Ц е особено препорачлив кај лицата со хронични заболувања.

Мачја канџа (мачји нокт)

Оваа билка е моќно антивирусно средство кое содржи фитохемиски соединенија. Мачјата канџа е особено корисна за назални и белодробни инфекции, болка во ушите, мигрена, проблеми со уринарниот тракт, синдром на нервозно црево.

Дневната употреба на мачја канџа (без алкохол во составот) значително ќе ви го подобри здравјето.

Л-лизин

Есенцијална аминокиселина која ја инхибира активноста и репродукцијата на вирусите во организмот и спречува инфекции со нови вируси.

Спирулина

Содржи природен јод и делува на патогените клетки како антисептик. Го запира вирусот да се репродуцира и го зајакнува имунолошкиот систем.

 

Забелешка: Потребно е да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт пред да започнете да користите додатоци во исхраната.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава