7 грешки поради кои медицинските ракавици не ве штитат

Носењето на маските и ракавиците може да го намали ризикот од корона вирус и неговото пренесување, но само ако тоа го правите правилно.

7-greshki-poradi-koi-medicinskite-rakavici-ne-ve-shtitat-01.jpg

Ако ги правите овие 7 грешки при носење на заштитните ракавици, тогаш попаметно е да прекинете со оваа навика.

1. Погрешно ги вадите

Откако ќе ја извадите едната ракавица, со „голата рака“ не смее да ја допрете другата. Наместо тоа, треба да ги протнете прстите во внатрешноста и така да ја извлечете додека не ја извадите.

7-greshki-poradi-koi-medicinskite-rakavici-ne-ve-shtitat-2.jpg

2. Носите ракавици и го допирате лицето

Во оваа ситуација ракавиците ја губат поентата, бидејќи од нив ги пренесувате бактериите на лицето.

3. Не ги миете рацете пред да ги ставите ракавиците

Понекогаш луѓето забораваат дека и пред да ги стават ракавиците мора да ги измијат рацете, исто како и по нивното вадење.

4. Ги перете ракавиците

Заштитните ракавици се направени од материјал кој лесно се оштетува при допир со тешки хемикалии.

5. Истиот пар на ракавици го носите повеќепати

Не џабе се викаат ракавици за една употреба.

6. Го допирате телефонот

Избегнувајте допирање на телефонот кога носите заштитни ракавици, бидејќи потоа истиот ќе го допрете со голи раце. Сите површини кои ќе ги допрете додека носите ракавици, задолжително дезинфицирајте и пребришете ги.

7-greshki-poradi-koi-medicinskite-rakavici-ne-ve-shtitat-3.jpg

7. Користите средства за дезинфекција со ракавиците

Нанесувањето на дезинфекциски средства врз ракавиците исто така може да ги оштети.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg