Што ќе се случи доколку не добивате доволно сонце?

Речиси сите веќе го имаме витаминот Д3 во нашите резерви на суплементи, особено за време на корона вирусот. 

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce-01.jpg

Сите ги знаеме опасностите од прекумерно изложување на сонцето. Но, малкумина се свесни дека подеднакво е опасно за здравјето доколку не се изложуваме доволно на сончевите зраци.

Сега, кога мерките за движење се попуштени, имате повеќе простор да излезете на кратка прошетка, сами и да се наполните со витамин Д.
Секако, почитувајте ги останатите мерки за заштита, не се групирајте и одржувајте социјална дистанца од 2 метра

Всушност, што ќе ви се случи доколку не излегувате почесто на сонце?

Ќе менувате почесто расположенија или ќе се чувствувате депримирано

Недоволната сончева светлина најчесто предизвикува намуртено, тажно расположение. Со изложување на сончевите зраци, нивото на серотонин во организмот се зголемува и расположението се поткрева. Во спротивно, немојте да се чудите зошто сте мрзоволни и го мразите целиот свет околу вас.

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce (1).jpg

Ќе накачите некој килограм повеќе

Освен што ја поттикнува кожата да произведува витамин Д, сонцето го снабдува организмот со важниот хранлив азотен оксид, кој го одржува непреченото работење на метаболизмот.

Студијата објавена во списанието „Дијабетес“ откри дека изложеноста на УВ зраци може да го забави зголемувањето на телесната тежина и да се избегне дијабетесот.

Друга канадска студија од 2017 година објавена во „Nature“ открила дека зголемувањето на телесната тежина може да се должи на недостатокот на сончева светлина.

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce (2).jpg

Ќе почувствувате болка во коските

Она што може да го помешате со артритис или фибромијалгија (хронична болка во мускулите и замор) кај возрасните, всушност би можело да биде недостаток на витамин Д поврзан со недостатокот на сончева светлина.

Возрасните кои не добиваат доволно сонце, честопати чувствуваат болки со мускулите и коските. Хранливите материи како калциум и колаген работат заедно за да ја одржуваат цврстината на коските, но без соодветна доза на витамин Д, процесот се прекинува.

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce (3).jpg

Нема да спиете добро и квалитетно

Недостатокот на сончева светлина може да има уште еден негативен ефект врз телото. Доколку предолго гледате во вештачко осветлување или зјапате во електронските екрани, тоа ќе ви предизвика сериозни проблеми со спиењето.

Едноставно е – што помалку сонце, толку помалку здрав и квалитетен сон. Бидете подготвени дека ќе се соочите со несоница.

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce (4).jpg

Ќе се потите прекумерно

Зголеменото потење, особено на челото, кога всушност не вежбате премногу, е еден од класичните симптоми дека не добивате доволно витамин Д.

Ако челото има малку дополнителен сјај (дури и кога вашата телесна температура е нормална), можеби е време да направите тестирање за количините на витамин Д во вашиот организам, секако прво со консултација од лекар.

Дури и умереното ниско ниво на витамин Д може да биде поврзано со изненадувачки број здравствени состојби и компликации, вклучувајќи дијабетес, остеоартритис и карцином.

Sto-ke-se-sluci-dokolku-ne-dobivate-dovolno-sonce (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од комарци Сезоната на комарците започна. Ова сигурно го почувствувавте на сопствената кожа...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg