Работи што вашиот гинеколог сака да престанете да ги правите

Гинеколошкиот преглед е нешто што не смеете да го прескокнете, особено ако сте сексуално активни.

raboti-shto-vashiot-ginekolog-saka-da-prestanete-da-gi-pravite-01.jpg

И покрај тоа што сите знаат дека гинекологот е медицинско лице кое нема да им суди, повеќето жени се срамат или се чувствуваат непријатно за време на прегледот.

Поради ова, пак, прават работи што само му ја отежнуваат работата на гинекологот.

Затоа, следниот пат кога ќе одите на гинеколог оставете го срамот дома и престанете да ги правите овие работи:

Сакате и партнерот да влезе во ординацијата

Без разлика од која причина сакате партнерот да присуствува на вашиот преглед, подобро е да му кажете да ве почека надвор.

Вашиот гинеколог мора да се фокусира за да го изврши прегледот, а партнерот веројатно ќе му поставува прашања и ќе му го одвлекува вниманието.

Истовремено, ако гинекологот сака да ви каже што било во врска со вашето здравје, тоа може да биде премногу лично и да му биде непријатно да ви го соопшти пред партнерот.

Го откажувате прегледот поради менструацијата

Само затоа што ви почнал менструалниот циклус, не значи дека мора да го откажете прегледот. Многу гинеколози тврдат дека без проблем прегледувале и жени со менструација, но сепак за тоа е најдобро да се консултирате телефонски пред прегледот.

Ако сепак сметате дека ќе ви биде непријатно, откажете навреме или воопшто не закажувајте преглед во деновите кога ја очекувате менструацијата.

raboti-shto-vashiot-ginekolog-saka-da-prestanete-da-gi-pravite-02.jpg

Не правите преглед за рак на грлото на матката

Гинеколошките прегледи можат да бидат непријатни, но ако имате каков било проблем, многу полесно ќе го решите ако го откриете навреме.

Жените неретко чекаат до последен момент – се прегледуваат дури откако ќе забележат загрижувачки симптоми, а понекогаш ова може да биде предоцна.

Затоа, прашајте го гинекологот колку често треба да ги правите овие прегледи, и послушајте го.

Очекувате хормонална терапија ако имате ниско либидо

Кога некоја личност ќе забележи намалено либидо, сака да најде брзо решение. Но, гинеколозите тврдат дека најчесто причината за ова не се хормоните, туку емоционалните проблеми. Можеби периодов сте изложени на многу стрес, можеби сте преморени, можеби имате други проблеми со партнерот и врската…

Освен ако не сте во менопауза, мали се шансите дека ниското либидо е поради вашите хормони.

raboti-shto-vashiot-ginekolog-saka-da-prestanete-da-gi-pravite-03.jpg

Повеќе ги слушате советите на интернет отколку гинекологот

Навистина е добро што истражувате за вашето здравје и се консултирате со жени кои поминале низ истото, но ништо не може да ги замени искуството и знаењето на гинекологот. Тој е професионалец и неговото мислење е многу поважно од она што ќе прочитате на интернет.

Ако се сомневате во она што ви го кажува гинекологот подобро консултирајте се со друг доктор, отколку да барате совети на интернет.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg