Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Знаци дека можеби сте биле заразени со корона вирусот без да знаете

Откако стана јасно дека голем број случаи на заразени со новиот корона вирус се асимптоматски, односно не покажуваат никакви симптоми или се со благи симптоми, сите почнавме да се прашуваме дали можеби сме го прележале вирусот, без воопшто да знаеме за тоа.

znaci-deka-mozhebi-ste-bile-zarazeni-so-koronavirusot-bez-da-znaete-01.jpg

Од почетокот на пандемијата па до денес (08.07), ширум светот се регистрирани над 11 милиони случаи на заболени со КОВИД-19, но факт е дека има и заразени кои уште немаат направено тест.

Обично луѓето почнуваат да се сомневаат дека го имаат вирусот кога ќе кренат температура или ќе почувствуваат посериозни проблеми со здравјето. Поради ова, повеќето ги занемаруваат благите симптоми како кашлица, болки и слично.

А, многумина почнуваат и да се сомневаат дека кога имале настинка во јануари-февруари, дека можеби всушност го прележале овој вирус.

Ако се сомневате дека и вие сте биле заразени, експертите велат да размислите дали одреден период сте имале некој од следниве симптоми.

Секако, тоа не значи дека со сигурност сте го имале вирусот, но ова се најголемиот дел од симптомите кои се утврдени според истражувањата.

Дефинитивно не треба да паничите, бидејќи ова се симптоми и за други здравствени проблеми, но ако сакате може да си направите тест за антитела доколку:

Одеднаш сте ги изгубиле чувствата за мирис и вкус

Според истражување од април годинава, околу 64% од заразените забележале губење на сетилото за мирис и вкус. Неодамна, Центарот за контрола и превенција на болести ги додаде и овие симптоми на листата.

Наводно, губењето на овие сетила е многу почесто кај заболените од КОВИД-19, отколку кај пациентите со други респираторни болести. Но, имајте на ум дека овој симптом може да биде предизвикан и од други вируси или алергии.

Сте имале треска, болки во мускулите или болки во грлото

Како што лекарите учат нови работи за вирусот, се зголемува и листата со симптоми. Според Центарот за контрола и превенција на болести, дел од симптомите се и болки во мускулите, главоболка и како што веќе знаеме кашлица и силни болки во грлото.

Проблеми со стомакот

КОВИД-19 е респираторна болест, но не сите имаат симптоми како кашлање или отежнато дишење. Според истражување од март оваа година, кај некои пациенти дијарејата била првиот симптом.

znaci-deka-mozhebi-ste-bile-zarazeni-so-korona-viruso-bez-voopshto-da-znaete-03.jpg

Сте имале тешкотии при дишење

Веќе знаеме дека кашлицата и болките во грлото се симптоми за КОВИД, но вирусот може да предизвика и отежнато дишење.

Ако одеднаш сте почувствувале проблеми со дишењето, дури и кога сте одмарале, можеби сте биле заразени.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“ „Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg