И мажите имаат целулит

i-mazite-imaat-celulit-povekjeКога ќе се спомене целулит, прво нешто што помислуваме се жените. Но, и мажите патат од проблем со целулитот, само што кај нив се појавува на поинакви места.

 

Реклама

Мажите се помалку склони кон целулит затоа што имаат подебел слој на кожа на кој тешко е да ја приметите „кората од портокал“.

i-mazite-imaat-celulit

И понатаму, масните наслаги кај мажите се складираат длабоко под кожата, што е уште една причина зошто тој не е толку видлив. Најчести места каде мажите добиваат целулит се подрачјето на вратот и стомакот, а кај жените тоа е задникот и нозете.

Реклама

Целулитот настанува кога масните клетки под кожата се деформираат, односно го променуваат обликот. Обично го поврзуваме со дебелината, но вистината е дека од него патат луѓе со разни телесни пропорции.

Целулитот е резултат на: хормони, слаба циркулација, пушење, консумирање премногу алкохол и калорична храна.

Хормоните играат голема улога особено кај трудниците и адолесцентите. Освен во пубертетот, мажите имаат посмирен хормонален ритам од жените.

Како против целулитот?

Во целост се отстранува само по хируршки пат, но вие можете да го намалите и да го направите незабележлив.

Освен вежбање, пијте многу вода, избегнувајте стрес и алкохол и хранете се здраво. Резултатите не доаѓаат преку ноќ, туку за нив се потребни неколку месеци.

Би можело да ве интересира:

Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg