Ова не треба да јадете...

ova-ne-treba-da-jadete-povekjeМоќниот маркетинг и лесната достапност си го направија своето, но колку од оваа храна која е евтина и вкусна е и добра за јадење? Ова се неколку...



...состојки кои е најдобро комплетно да ги отфрлите од својата исхрана, или барем да ги редуцирате доколку сте навикнати да ги консумирате.

Реклама

ova-ne-treba-da-jadete-1

1. Преработено месо. Како што наведува Американскиот институт за истражување на карциномот, месото кое е обработено со помош на дим, сол, сушење или кое содржи хемиски адитиви, поврзано е со зголемен ризик за рак на дебелото црево. Таквите производи содржат многу соли, масти и холестерол, а малку хранливи состојки.

2. Маргарин. Се произведува од растително масло. Високата температура во процесот на изработка ги уништува антиоксидантите во маслото и настануваат слободни радикали кои можат да предизвикаат големи оштетувања на клетките и да го зголемат ризикот од појава на рак.

ova-ne-treba-da-jadete-3Маслото се стврднува на брутален хемиски начин, со постапка на хидрогенација или естерификација. Во овие процеси се користат хемикалии чии остатоци се наоѓаат во готовите производи на полиците во продавниците.

3. Чипс. Сигурно ви е познато дека се преполни со масти. Но, она што можеби не сте го знаеле е дека чипсот содржи акриламид, познат канцероген кој настанува кога храната се пече или пржи на високи температури.

ova-ne-treba-da-jadete-2

„Проценето е дека акриламидот предизвикува неколку случаи на канцер кај американците во текот на една година“ – вели Дејл Хатис од Универзитетот Кларк.

4. Газирани пијалаци. Ова е најлесен начин за добивање вишок килограми (просечна лименка содржи 10 лажици шеќер).

Консумирање повеќе од 1 литар газиран пијалак во текот на денот го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести како и ризик од развивање на дијабетес.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)? Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу биде...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg