Ментална мрзеливост

mentalna-mrzelivost-povekjeСте го заборавиле насловот на филмот што го гледавте? Не се сеќавате на бројот од својот мобилен телефон, ниту каде сте ги оставиле клучевите?



Немате причина за паника. Повеќе од 70% од луѓето страдаат од „дупки“ кои повремено се јавуваат во меморијата.

mentalna-mrzelivost

Обично се во прашање само привремени и краткотрајни пореметувања, кои немаат никаква врска со сенилноста или некои психички пореметувања. Генерално станува збор за обична заборавност, која што е последица на расеаност, невнимание и премор.

Виталноста на умот во голема мерка зависи од начинот на живеење, при што клучна улога има исхраната, физичката и интелектуалната активност.

За добра меморија неопходна е врамнотежена исхрана, која на мозокот ќе му ги обезбеди сите супстанци неопходни за правилно одвивање на сите биохемиски процеси – белковини, јаглени хидрати, масти, витамини, минерални соли и ензими.

Треба да се избегнува тешка храна, затоа што не го оптеретува само желудникот туку и мозокот. Наместо масен оброк, на главата и годи физичка активност – пешачење, возење точак, занимавање со било кој спорт на аматерско ниво – затоа што го зголемува приливот на крв во мозокот, кој така има на располагање доволно кислород.

Покрај тоа, треба да се има на ум дека и мозокот како и мускулите, за добро да функционира, потребен му е постојан тренинг. Што повеќе го користиме и што повеќе врски воспоставува некоја нервна клетка, нашите интелектуални способности се подобри.

За борба против менталната мрзливост, читајте, пишувајте, учете! Помага и решавањето на крстозбори и други енигматски проблеми, играње карти и шах, учење стихови и вербални или нумерички секвенци на памет.

Секако, не треба да се заборави и добриот сон, во просек осум часа дневно, бидејќи без сон нема бистар ум.

Знајте дека заборавноста има и свои добри страни, бидејќи вашиот мозок секојдневно го бомбардираат безброј информации, па би експлодирал кога не би можел да направи автоматска селекција на пораките.

Би можело да ве интересира:

6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg