Фото-водич: Како да ги разликувате симптомите на ковид-19, настинка и грип?

Доаѓа период на настинки и сезонски грип, а корона вирусот зема уште поголем замав – како да ги распознавате симптомите и да не паничите на секое застудување?

foto-vodich-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite-na-kovid-19-nastinka-i-grip-01.jpg

Летните месеци многумина ги искористија за да одморат и да соберат енергија за есенските и зимските денови кои доаѓаат во време на пандемија.

Оваа сезона ќе биде вистински предизвик за луѓето и за здравствените работници, со оглед на тоа што многу почесто ќе се појавуваат случаи на настинки заради постуденото време, сезонски грип, како и позитивни на корона вирусот, заради полесната трансмисија во затворени простории.

Дали веќе неколкупати досега ви се случи да се „преладите“, да ви потече носот и да ве фати паника дека можеби е она од што сите се плашат периодов?

За да не кревате паника на секоја промена во здравјето, подготвивме фото-водич од BBC, направен по препораки од СЗО – кои симптоми се карактеристични за настинка, грип и ковид-19.

Напомена: Не значи дека треба да се водите строго по овие правила, бидејќи постојат исклучоци, но добро е да ги знаете најчестите симптоми. Задолжително контактирајте го вашиот лекар доколку почувствувате нешто и не си давајте сами дијагноза.

esenski-foto-vodich-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite-na-kovid-19-nastinka-i-grip-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg