Секојдневни ситници кои се успешна превенција против настинките и грипот


Секојдневни ситници кои се успешна превенција против настинките и грипот

Во време на илјадници случаи заразени со Covid-19, настинката ни се чини како лесна работа. Но, секогаш најдобра опција е да ги спречите сите шанси за настинки и грип.

sekojdnevni-sitnici-koi-se-uspesna-prevencija-protiv-nastinkite-i-gripot-02.jpg

Овие ситници можете да ги правите секојдневно за да го зајакнете имунитетот и истите делуваат како превенција:

Препорачливо е...

- Да избегнувате шеќери, бидејќи тие создаваат поволен простор за развивање на инфекции во организмот.

- Да додадете малку морска сол и ѓумбир во купката.

- Наутро и навечер да го истриете целото тело со топла крпа од стапалата кон главата. Масирајте ги нозете, стомакот, рацете, грбот. Едноставно и делотворно.

- Правите инхалации со жешка вода и етерични масла.

sekojdnevni-sitnici-koi-se-uspesna-prevencija-protiv-nastinkite-i-gripot-03.jpg

- Да додавате малку лук во секој оброк кога и да имате шанса.

- Да консумирате витамин Ц и преку исхраната и како суплемент.

- Да не го заборавате и цинкот како додаток во исхраната.

- Редовно да консумирате топли пијалаци.

- Да одржувате хигиена на рацете и да не ги допирате носот, устата и очите.

- Да внесувајте многу течности.

sekojdnevni-sitnici-koi-se-uspesna-prevencija-protiv-nastinkite-i-gripot-01.jpg

- Да спиете доволно и да го контролирате нивото на стрес во текот на денот.

- Не заборавајте да се движите и да останете активни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто секогаш треба да спиете на страна, а не на грб или стомак? Не постои ништо полошо од тоа да си легнете навечер за да се одморите, а следнот...
8 работи кои ги правите секој ден, а им штетат на вашите очи Дали знаете дека со тоа што пуштате светло во канцеларијата додека низ прозорцит...
4 начини како да разликувате срцев удар од паничен напад Нападите на паника и срцевите напади имаат слични симптоми: тешка болка во гради...