За поздрава и поеластична кожа: зошто колагенот е потребен за организмот?


osven-za-pozdrava-i-poelasticna-koza-zosto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-01.jpg

Што е колаген?

Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно.

Колагенот има комплексна структура, составена од три полипептидни синџири спакувани во тројна хеликс конфигурација. Постојат различни видови на колаген протеини пронајдени во телото, меѓу нив тип 1, 2 и 3.

Типовите на колаген содржат различни протеини кои имаат различни улоги во телото. Типовите 1 и 3 може да се земат заедно и придонесуваат за здравјето на кожата, мускулите, коските, косата.

Типовите 1 и 3 колаген содржат 19 аминокиселини (протеини), секоја од нив есенцијална за фунцијата на кожата, мускулите, коските и сврзните ткива. Овие типови на колаген се произведени од фибробласти (типови на биолошки клетки во сврзните ткива кои го синтетизираат колагенот) и остеобласти (клетки кои ги сочинуваат коските).

zoshto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-02.jpg

Преку 90% од колагенот во телото е составен од тип 1 и тип 3. Овие типови ги содржат протеините глицин, пролин, аланин и хидроксипролин.

Тип 2 колагенот се произведува во хондроцитите (клетки во ‘рскавицата) – полнење налик на течност во ‘рскавицата. Иако е важен за сврзните ткива во зглобовите, типовите тип 1 и тип 3 колаген пептиди имаат поголема биолошка вредност и подобра абсорпција. Исто така, додека тип 1 и тип 3 колагенот можат да се земат заедно, тип 2 колагенот треба да се земе во различно време поради адекватна абсорпција.

За што е потребен колагенот?

1. За здравјето на кожата и нејзината еластичност

2. За ноктите, косата и забите

3. За зглобовите и коските

4. За црниот дроб

5. За кардиоваскуларниот систем

6. За подобар метаболизам

7. За јакост на мускулатурата и нејзина виталност

zoshto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-05.jpg

Зошто да се надополнува колаген со додатоци во исхрана, ако веќе природно се јавува во телото на човекот?

Со текот на времето, идеалните нивоа на колаген кое се произведува по природен пат, почнува да се намалува. Колагенските влакна се распаѓаат или повеќе не се регенерираат, а ова доведува до “дефлација” на површината на кожата. Истражувањата покажуваат дека до 40-годишна возраст, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. Со 60-годишна возраст, тој е намален за повеќе од 50%.

Клиничките испитувања покажуваат дека употребата на Pure Collagen Peptides како додаток во исхрана за надополнување на нивото на колаген, значително ја зголемува хидратацијата на кожата по 8 недели од внесувањето (редовно користење).

Густината на колагенот во дермисот значително се зголеми и фрагментацијата на дермалната колагенска мрежа значително се намалува после 4 недели од користење на додатоци во исхрана со колаген. Двата ефекти опстојуваат и до 12 недели, по престанок на користење на додатоци во исхрана со колаген.

za-pozdrava-i-poelasticna-koza-zosto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-03.jpg

Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.

Pure Collagen Peptides претставува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење, кој содржи сертифициран хидролизиран колаген тип 1 и 3 кој доаѓа од чист, природен извор од говедско потекло и се одликува со лесна и брза апсорпција во човечкото тело во идеална доза од 10гр, на ден растворен во било која течност.

Може да се раствори во вода, смути, јогурт, чај, кафе, какао.

zoshto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-08.jpg

Со додавање на Pure Collagen Peptides во вашата исхрана го промовирате здравјето на коските, ја зголемувате густината на коските, го намалувате процесот на деградација, го надополнувате разградениот колаген и ја обновувате рскавицата на згловбовите. Особено препорачлив е за постари лица, физички активни особи и професионални спортисти кои се заинтересирани за одржување на добро здравје на коските.

Одржувањето на нивото на колаген е клуч за убава и здрава кожа.

 Главни состојки кои помагаат во одржување и создавање на колагенот во човечкото тело се: Глицин, Пролин, Аланин и Хидроксипролин. Со одржување на позитивно ниво на овие аминокиселини во телото, се одржува и количината на производство на колаген и на тој начин се спречува стареењето на кожата.

zoshto-kolagenot-e-potreben-za-organizmot-07.jpg

Повеќебројни истражувања покажале дека нутритивните додатоци во исхраната земани орално влијаат од внатре во телото, што е многу поефикасно за разлика од актуелните креми и козметички производи кои можат да влијаат само на надворешната состојба на кожата.

Со дополнување на Pure Collagen Peptides му помагате на телото во создавање на нови фибробласти, во зголемување на нивната густина и волуменот на колагените влакна во дермисот што доведува до:

  • осветлување на кожата
  • подмладување на кожното ткиво
  • подобрување на влажноста
  • намалување и спречување на брчките
  • зголемена еластичносот на кожата
  • зголемена цврстина на кожата

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg