Болки во зглобовите, ризик од инфаркт: Како температурните промени влијаат врз вашиот организам?

Можеби и самите сте забележале дека годишните времиња и температурите влијаат врз вашето тело. Некои луѓе чувствуваат болка во зглобовите кога врне, некои имаат проблеми со кожата кога е многу студено, а некои се справуваат со отоци кога температурите се многу високи.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam01.jpg

Времето и температурите навистина влијаат врз нашето тело, а некогаш можат да го зголемат и ризикот од одредени здравствени проблеми.

Погледнете како влијае времето врз нашиот организам:

Отечени есктремитети

Ако сте на место со многу висока температура, вашето тело ќе се обидува да се излади, но овој процес ќе се одвива потешко. Обично, телото ја носи топлата крв до површината на кожата, каде што се лади преку потење. Но, на премногу топли и влажни денови, овој процес не се одвива како што треба, па наместо течноста да испари во форма на пот, таа се акумулира во екстремитетите и се појавуваат отоци.

Што да направите: Ова обично се случува кога телото не е навикнато на високи температури, па дури да се адаптирате на летните горештини, минувајте повеќе време во изладени простории.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-02.jpg

Зголемен ризик од инфаркт (не значи дека се случува често и кај сите)

Понекогаш, студеното време може да го зголеми ризикот од инфаркт. Ниските температури можат да го намалат дотокот на крв до срцето. Поради тоа, срцето мора да работи повеќе, за што, пак, му е потребно повеќе од кислородот што се наоѓа во крвта. А, со ова се зголемува ризикот од инфаркт.

Што да правите: Ако имате проблеми со срцето, во зимските месеци избегнувајте да вежбате надвор или да правите каква било физичка работа на отворено.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-03.jpg

Проблеми со кожата

И во овој случај „виновни“ се ниските температури. Нашата кожа лачи масти кои ја одржуваат нејзината влажност. Кога температурата на воздухот е ниска, се намалува и неговата влажност, а ова има влијание и врз влажноста на кожата. Ако дува и ветер, природните масла од кожата се отстрануваат уште повеќе, па кожата може да стане уште посува.

Што да правите: Почесто нанесувајте хидратантен крем, како и заштитен крем од сонце. Истовремено, избегнувајте да се бањате со жешка вода, која ги отстранува природните масла од кожата.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-04.jpg

Проблеми со косата и ноктите

Слично како кожата, и косата и ноктите можат да станат посуви кога температурите се ниски. Бидејќи студеното време го намалува дотокот на крв, се намалува и залихата на кислород и хранливи материи. Како резултат, косата и ноктите стануваат посуви и покршливи.

Што да правите: Најпрво, немојте да ја миете косата со жешка вода. Истовремено, користете повеќе маска или регенератор за коса. За да го решите проблемот со ноктите, нанесувајте крем за раце, наменет за многу сува кожа и секојпат ставајте од него и на ноктите.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-05.jpg

Болки во зглобовите

Вашата баба сигурно ви се има пожалено дека ја боли коленото кога се менува времето, а науката покажала дека ова навистина се случува.

Промената на притисокот на воздухот, заедно со промената на влажноста и температурата, можат да влијаат врз зглобовите на телото. Но, научниците уште не можат да одредат што точно е причината за појава на болка во зглобовите кога времето е постудено или дождливо, или кога влажноста на воздухот е зголемена.

Што да правите: Обидете се да го стоплите телото – топлината ја стимулира циркулацијата, ги релаксира мускулите и ја зголемува отпорноста на болка. Исто така, добро би било да најдете време за едноставни кардио вежби и вежби за истегнување.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава