Болки во зглобовите, ризик од инфаркт: Како температурните промени влијаат врз вашиот организам?

Алергии

Временските услови можат да ги „активираат“ и алергиите, кои пак се причина за проблеми со дишните патишта.

Најчесто ова го чувствуваат луѓе кои се алергични на полен. Кога времето се стоплува, се појавува и поленот, па кај луѓето со алергии се јавуваат секакви проблеми со дишните патишта. Обично овие алергии се безопасни, но можат да бидат многу непријатни.

Што да правите: Кога станува збор за алергии, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој најверојатно ќе ви даде некој лек што ќе ви ги ублажи симптомите.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-07.jpg

Недостаток од витамин Д

Еден од главните извори на витамин Д е Сонцето. Кога доаѓаат постудените месеци, се намалува и денот, а со тоа и нашата изложеност на сончеви зраци. Како резултат на ова, во организмот може да настане недостаток од витамин Д. Некои од најчестите симптоми за овој недостаток се слабост, зголемена чувствителност на болка и покачен крвен притисок.

Што да правите: Најдобро е да внесувате повеќе храна богата со витамин Д, како јајца, печурки, сок од портокал и лосос. Можете да земате и додатоци во исхраната, но за ова консултирајте се со вашиот лекар.

bolki-vo-zglobovite-rizik-od-infarkt-kako-temperaturnite-promeni-vlijaat-vrz-vashiot-organizam.jpg

Лошо расположение

Недостатокот на витамин Д може да биде и причина за лошо расположение. Витаминот Д има влијание врз нивото на серотонин – познат и како хормон на среќата. Во студените месеци, кога во организмот има помалку витамин Д, голема е веројатноста да се намали и нивото на серотонин – нешто што има директно влијание врз расположението.

Што да правите: Во текот на денот обидете се да поминувате повеќе време на сонце. Истовремено, зголемете го внесот на храна со витамин Д. Ако имате сериозни проблеми со лошото расположение, најдобро е да се консултирате и со професионалец.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-09.jpg

Почести главоболки

Кога температурите се ниски, воздухот е посув, а оваа сувост може да преидзвика дехидратација - нешто што може да биде причина за појава на главоболки. Се верува и дека промената на воздушниот притисок во зима може да предизвика главоблка Луѓето кои се склони кон мигрени неретко се соочуваат со овој проблем.

Што да правите: И во овој случај, најдобро е да се консултирате со лекар.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-10.jpg

Астма

Наводно, високите температури можат да ги влошат симптомите на луѓе кои имаат астма. Не е точно познато зошто, но се верува дека поради тоа што вдишувањето жежок воздух ги стеснува дишните патишта, се јавува кашлање и отежнато дишење. Истовремено, во топлите месеци во воздухот има полен, кој исто така може да ги „активира“ симптомите.

Што да правите: Ако имате астма и забележувате дека симптомите ви се влошуваат, не правете ништо на своја рака и одете на лекар.

otecheni-dlanki-vo-leto-problemi-so-kozhata-vo-zima-kako-vlijae-vremeto-vrz-nashiot-organizam-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава