Остануваат будни навечер, бидејќи умот им е преморен – Навики на депресивните луѓе кои поретко ги забележуваме

Депресијата е сериозен проблем на денешницата, на кој, за жал, сè уште не му се обрнува доволно внимание. Таа е комплексна ментална болест која е многу повеќе од краткотрајна тага.

Naviki-na-depresivnite-lugje-01.jpg

Покрај многубројните „очигледни“ симптоми како потиштеност, беспомошност, самокритичност, повлеченост, немање иницијатива, мотивираност и цел, чувства на безнадежност, тага и вина, ниска концентрација и немање енергија, друштвена изолираност…

...постојат и неколку други навики кои поретко ги забележуваме кај луѓето кои страдаат од депресија, а сепак се присутни:

Дел од луѓето кои поминуваат низ депресивен период целосно се осамуваат. Нивната соба станува нивниот „меур“, нивното „сигурно место“ и доколку се оддалечат од него или го напуштат, почнуваат да се чувствуваат непријатно и вознемирено.

Тие избегнуваат сè и секого, бидејќи кога се опкружени со луѓе лесно се исцрпуваат.

Се преправаат дека се уморни, дека им се дреме или дека многу им се спие со цел да ги одбегнат разговорите со луѓето.

Остануваат будни најчесто во текот на целата ноќ поради тоа што умот им е преморен или премногу активен.

Се обидуваат да го пренасочат вниманието кон ТВ серии, видео-игри, друштвени мрежи со цел да не размислуваат за работи од реалниот живот.

Дури и кога се премногу уморни, тие не можат лесно да заспијат и да се одморат.

Може да поминат часови и часови на гарнитурата или во креветот, не можејќи да се натераат да станат и да ги завршат обврските.

Тешко им е да ги контролираат негативните мисли кои им го „грицкаат“ умот.

Може да седат со часови во темница, без да направат ниту едно движење, вкочанети и празни.

Најчесто пијат многу течности да надоместат за немањето оброци (или се премногу уморни за да си направат јадење или пак немаат апетит). Од друга страна, има и такви кои јадат премногу, храна која им служи како „утеха“ за емоционалната празнина која ја чувствуваат.

Голем дел од времето го поминуваат во прокрастинација (одложување на работните задачи). Дури и најлесните задолженија им изгледаат како особено тешка и комплицирана задача за која им треба многу време и напор.

Дури и одењето на психолог или психијатар или редовното земање на терапијата ја чувствуваат како тешка задача која ја извршуваат со мака.

Сепак, депресијата е нешто што не може туку-така да се утврди, но ако ги забележите сите овие навики кај вас, или кај некој близок, имајте на ум дека можеби вам или на вашиот близок му е потребна поддршка, разбирање и помош.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg