3 знаци кои ве преупредуваат дека поминувате премногу време седејќи

Кога мораме да бираме помеѓу седење и стоење подолго време – секогаш, сите бираме да седнеме.

3-znaci-koi-ve-predupreduvaat-deka-premnogu-vreme-pominuva-sedejki-1.jpg

Но, човечкото тело не е создадено за да поминува толку време во седечка положба.

Колку седење е премногу?

Општо е пожелно да не седите подолго од 1 час без пауза. На секој час би требало да направите пауза и да прошетате 3 до 6 минути.

Знаци дека премногу време поминувате во седечка положба:

1. Често се чувствувате изморено

Заморот е последица на стрес, лоша прехрана или хормонска нерамнотежа, но и на недостаток од физичка активност. Колку подолго седите – толку полесно телото омлитавува.

3-znaci-koi-ve-predupreduvaat-deka-premnogu-vreme-pominuva-sedejki-2.jpg

2. Лошо сте расположени

Бидејќи квалитетот на животот се намалува со предолго и често седење, така и расположението оди во надолна линија. Луѓето кои подолго седат имаат поголеми шанси да станат депресивни.

3. Често заборавате

Мозокот треба да вежба исто како и нашето тело, но и обратно – телото не смее да се запостави. Дури и малиот пораст на физичка активност во текот на денот сериозно може да ја подобри работата на мозокот, но и да ве заштити од развој на сериозни болести како деменција.

Напомена: Секако, не треба да паничите дека нешто сериозно ќе ви се случи, но ако се пронајдовте, сфатете дека е време за промени и поактивен животен стил. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg