Речиси сите го правиме ова без да знаеме колку е штетно – кое е најлошото време за миење заби?

Многу луѓе се опседнати со оралната хигиена, сметајќи дека не постои лошо време за миење на забите. Сепак, многумина се и во заблуда. 

Koe-e-najloshoto-vreme-za-mienje-na-zabite-01.jpg

Постојат одредени периоди од денот кога миењето заби може да направи повеќе штета, отколку корист во однос на оралната хигиена. Имено, најлошото време за миењето на забите е веднаш по оброкот.

Стоматолозите предупредуваат дека ова е лоша идеја бидејќи варењето започнува од устата, што создава кисела средина, а тоа не се идеалните услови за миење на забите.

„Кога јадете храна што содржи шеќер или едноставен скроб кој во устата се разградува на шеќери, бактериите кои предизвикуваат расипување на забите почнуваат да се хранат со нив и произведуваат киселина. Кога вашите заби се изложени на многу кисела средина, тие привремено го ослабуваат вашиот глеѓ (тврдата, надворешна површина на забот) предизвикувајќи минерална загуба“, истакнува стоматологот Џин Лин и предупредува дека четкањето може дополнително да ја оштети глеѓта во оваа ситуација.

Американското здружение на стоматолози (АДА) препорачува да почекате барем еден час после јадење за да ги измиете забите.

Нил Џеј Гаџар, поранешен претседател на Академијата за општа стоматологија, вели дека тоа време „му дозволува на вашето тело да ја неутрализира киселата средина што е можно да се создала од храната којашто била внесена“.

Прочитајте и Ги миете рацете со топла вода и уште 6 хигиенски навики кои се всушност погрешни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...

Најчитани неделава