Како да го „исчистите“ телото после прејадување?

Нема лек за прејадувањето, посебно ако се работи за големи количини мрсна храна, но постојат намирници кои делуваат како „противотрови“ и ви помагаат побрзо да се вратите во нормала, ако веќе не сте знаеле навреме да се контролирате посебно за време на празниците.

kako-da-go-iscistite-teloto-posle-prejaduvanje-01.jpg

Па, ако празников претеравте со храната од трпезата, почнете со ред:

1. Пијте многу чаеви и вода

Задолжително пијте многу течности, односно чаеви без шеќер и чиста вода во првите 24 часа по прејадувањето. На овој начин ќе го поттикнете и забрзате метаболизмот и детоксикацијата.

2. Јадете јаболка

Јаболката не содржат масти, а имаат околу 90% вода, што е идеална комбинација. Содржи и витамини Ц и А, како и цинк, магнезиум, јод... Го прочистуваат целото тело, а лесно може да ги комбинирате и со цитрусни овошја.

3. Внесувајте повеќе јогурт

Делува како пробиотик и ја враќа во нормала работата на цревата.

4. Од зеленчуци консумирајте зелка, лиснат зелен зеленчук, брокула, лук

Сите овие зеленчуци имаат благотворно влијание на различни органи во телото – зелката го забрзува чистењето на црниот дроб, лиснатиот зеленчук има хлорофил кој ги исфрла токсините, брокулата има дејство на антиоксиданс, а белиот лук има антибактериско и антивирусно својство.

5. Овошен пијалак против прејадување

Во блендер измешајте банана, портокал и замрзнати малини или брусници. Може да користите и замрзнато шумско овошје.

М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg