Необична споредба со овошје – што означуваат различните бои на менструална крв?

Бојата на менструалната крв може да се менува во текот на менструацијата, но ако не можете да одредите кои нијанси се нормални, експерт за женско здравје прави необична, но добра споредба со овошје.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-01.jpg

Марија Роуз од Вермонт е советник за женско здравје, а самата имала искуство со обилни менструации и тежок ПМС, за што подоцна открила дека причината е хормонална нерамнотежа.

Слушајќи ги пријателките и другите жени околу неа, Марија сметала дека обилните и многу болни менструации се сосема нормални, сè додека не решила да посети гинеколог.

Кога ѝ направиле неколку тестирања, Марија сфатила дека има хормонален дисбаланс, па сега сака да им помогне на другите девојки и жени во иста ситуација. Односно, да им помогне да ги „читаат“ сигналите што им ги праќа телото со цел да знаат кога нешто не е во ред.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-06.JPG

За некои жени, болните и обилни менструации се сепак нормални и не мора да се знак за друг проблем. Но во некои случаи, причината е вишокот или недостатокот од хормонот естроген, или некој друг здрвствен проблем.

Сакајќи да им помогне на жените полесно да ја разликуваат бојата на менструалната крв и да откријат дали станува збор за нормално крвавење, Марија прави интересна споредба со овошје.

Според неа, менструалната крв со боја како брусница или јагода е сосема нормална.

Ако, пак, менструалната крв е многу темна, како цреша, можно е да станува збор за зголемено ниво на естроген во организмот.

Од друга страна, ако менструалната крв е многу светла, како малина, можно е жената да се соочува со намалено ниво на естроген.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-02.jpg

Таа нагласува дека и овие нијанси се нормални, но ако забележувате други пропратни, невообичаени симптоми, како посилна болка или поизразени симптоми на ПМС кои сте ги немале претходно, секогаш е добро да се консултирате со гинеколог.

„За пример сакам да го користам овошјето. Темно црвена како цреша, розова како малина, црвена како брусница или јагода – сите овие бои претставуваат здрав циклус. Ако менструалната крв е кафеава во текот на целиот циклус, ако е многу светло розова или ако забележувате многу грутки, добро би било да одите на гинеколог, особено ако има и други симптоми“, открива таа за Daily Mail.

Марија советува да користите влошки наместо тампони ако сакате најдобро да ја утврдите бојата на менструалната крв.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-05.JPG

Сигурно и сами сте забележале дека менструалната крв има различна нијанса на почетокот и на крајот од менструацијата, па добро би било да знаете и што е нормално во овој случај.

Зошто менструалната крв ја менува нијансата?

За време на менструација, од матката се отстранува ткиво во комбинација со крв преку вагиналниот отвор. Овој исцедок, односно менструална крв, може да има од светло црвена до темно кафеава боја, во зависност од тоа колку е стара крвта.

Некогаш и хормоналните промени во организмот можат да ја диктираат бојата на менструалната крв.

Што означува секоја нијанса?

Кафеава

Кафеавата крв е всушност постара крв која со текот на времето оксидирала и може да се појави на почетокот или крајот од менструацијата.

На почетокот, кога крвавењето е послабо, на крвта ѝ треба подолго за да излезе од телото, па ова ѝ дава време да оксидира и да добие кафеава нијанса.

Истото се случува и на крајот од менструацијата, кога крвавењето повторно забавува.

Некогаш, кафеавиот исцедок може да биде и знак за бременост. Во овој случај исцедокот нема да се претвори во менструална крв, односно нема да добиете менструација.

Црвена

Ова е вообичаената боја на менструалната крв и значи дека крвта е свежа, а крвавењето брзо. Можно е менструацијата да ви почне и да ви заврши со црвена крв.

Како што напоменавме, ако крвта е многу темно црвена, тоа може да биде знак за повисоко ниво на естроген во организмот.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-04.JPG

Розова

Менструалната крв може да биде розова на почетокот и крајот од менструацијата. Ако, пак, имате розова крв во текот на целата менструација, можно е да станува збор за ниско ниво на естроген во организмот.

Кога треба да се консултирате со лекар?

Како што напоменавме, сосема нормално е менструалната крв да има различни нијанси во текот на менструацијата, а ова може да биде различно кај секоја жена. Веројатно досега знаете што е нормално, а што не за вашата менструација – каква боја има на почетокот, колку е обилно крвавењето и слично.

Но сепак, во некои ситуации најдобро е да се консултирате со гинеколог:

1. Ако имате нередовна менструација или нејзината должина драстично се менува од месец во месец.

2. Ако менструалниот циклус ви трае пократко од 24, или подолго од 38 денови.

ekspert-pravi-sporedba-so-ovoshje-kako-da-poznaete-dali-menstrualnata-krv-ima-normalna-boja-03.JPG

3. Ако сте немале менструација два месеца и повеќе.

4. Ако чувствувате многу силни болки или други невообичаени симптоми за време на менструација.

5. Ако крвавите помеѓу две менструации.

6. Ако сте во менопауза, но сте забележале крвавење.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg