4 причини зошто не треба (ниту) да седнувате со нечиста облека на креветот каде што спиете

„Немој да седнуваш со нечисти алишта на прекривката од креветот“, „Гостите нема потреба да влегуваат во спалната соба“ – Зошто овие правила некои луѓе упорно ги следат?

ne-sedi-so-nechisti-alishta-na-krevetot-ne-go-pushtaj-kucheto-gore-zoshto-se-vazhni-ovie-pravila-01.jpg

Кога некој ќе ве замоли да не седнувате со нечисти алишта на креветот каде што тој спие, не треба да се навредувате.

Подобро е да го следите нивниот пример и вие самите да почнете да избегнувате да седнувате на креветот каде што спиете додека ја носите облеката со којашто сте биле надвор.

Во просек дневно спиете од 6 до 8 часа, а тоа значи дека најголемиот дел од времето додека сте дома го поминувате токму во креветот и затоа многу е важно тој да биде чист.

Причини зошто не треба да седнувате на постелнината, со облеката што сте ја носеле надвор:

Бактериите живеат со месеци на вашата облека

Со оглед на тоа што некои бактерии може да преживеат и по неколку недели или месеци на вашата облека, а може да се случи и новата облека што сте ја купиле на себе да има бактерии, воопшто не е добра идеја да седнете на креветот каде што спиете со истата облека што сте ја носеле на себе 12 часа во денот.

Ова правило треба да се однесува и на вашите гости - не им дозволувајте да седат со нечисти алишта на прекривката од креветот.

ne-sedi-so-nechisti-alishta-na-krevetot-ne-go-pushtaj-kucheto-gore-zoshto-se-vazhni-ovie-pravila-02.jpg

Со нечистата облека пренесувате акни

Една од главните причини поради која некои луѓе добиваат акни во пределот на грбот и на градите е нечистата облека.

Иако облеката што сте ја носеле цел ден навидум ви изгледа чисто, таа веќе го примила правот од вашето работно место или од улица, а се измешала и со мртвите клетки од кожата (во основа човечкото тело дневно исфрла околу половина милион мртви клетки и околу еден литар пот).

Така, седнувајќи со истата облека, целата таа нечистотија ја пренесувате и во креветот каде што спиете.

Облеката што ја носите надвор, поминала секаде

Застанете и размислете: Каде сè сте биле во текот на денот и што сè сте допреле со облеката – седишта во јавен превоз, столчиња во канцеларија, ѕидови во лифт, клупи во парк...

Потоа размислете и колку други луѓе поминале на истите места или седеле на истите столчиња.

По ова сигурно двапати ќе размислите дали сакате со истата облека да седнете на чистиот кревет.

ne-sedi-so-nechisti-alishta-na-krevetot-ne-go-pushtaj-kucheto-gore-zoshto-se-vazhni-ovie-pravila-04.jpg

Бонус правило – Креветот треба да биде место за одмор, а не за работа

Треба да се чувствувате удобно во креветот. Тоа е вашето место каде што одмарате и собирате сила за следниот напорен ден.

Затоа, ако имате гости подобро е да седнете во кујната или на столчиња, а никако на креветот во спалната соба.

Исто така, не се препорачува ниту да работите додека сте во кревет за мозокот да почне да го асоцира тоа место во вашиот дом со одмор и релаксација што понатаму ќе ви помогне за здрав и непречен сон.

ne-sedi-so-nechisti-alishta-na-krevetot-ne-go-pushtaj-kucheto-gore-zoshto-se-vazhni-ovie-pravila-03.jpeg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Pexels

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg